Завршно Претседателско Обраќање [Северус]

Day 3,395, 09:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Добар ден Македонци,

Каков таков, заврши и овој месец, и дојде ред да ви се обратам за последен пат..
Месецов беше доста турбулентен за нашата Влада, многу работи не ви беа кажани од едноставна причина да се зачуваат добрите односи со нашите сојузници.. Некогаш колку помалку знаеш, толку подобро.. 🙂

За да бидам коректен спрема вас, и спрема нашите сојузници, ќе ви го раскажам месецот во кратки црти..

Почнавме со план за вклучување во акцијата во Јужна Америка. Откако собравме сили, им соопштив на нашите сојузници и Астерија во групната порака дека имаме план за напаѓање на Бразил, затоа што досега најмалце три пати не нападнале без причина, а и без тоа имаме желба за помош на нашите сојузници во Јужна Америка. Оваа идеја наиде на огромна критика од водачот на Астерија, и најмногу од се, нашите најблиски сојузници Бугарите, кои заедно тврдеа дека со тој напад ќе сме ја компромизирале целата акција во Јужна Америка, од непознати причини.

Се испостави неколку дена после тоа, Словенија да го нападне Бразил без претходно никој да извести; ова Астерија очигледно го одобри, а нашите Бугари никаде ги немаше да се противат на оваа одлука, како што се противеа на нашата. Првата недела од мандатот ми помина во тие расправии, кои сега се гледа дека биле непотребни.



Со оглед на тоа, Шпанија ни понуди заедничка акција, како пред неколку месеци, а по случајност на судбината, Ирска одлучи да се вклучи во помагање на нивните сојузници во Јужна Америка со напад на Србија, откако многу лесно и брзо не заменија нас со Грците, и одма почнаа со „фиром“ паролите.. Коцките сами се наредија, и ја нападнавме Ирска кој до денешен ден успешно ја окупираме, и го добиваме последниот ресурс за храна што ни недостига, и четири нови ресурси за оружје. Моментално имаме 9 од 10 ресурси за храна и оружје.

Меѓудругото, Ирците посериозно напнаа два пати во нашите востанија (кои беа сите организирани од Владата), со посериозна помош од Америка.

План за ослободување на Ирска, или претворање на војната во Тренинг Војна од наша страна нема да има, освен ако самите не побараат, што може да се разгледа, ама сепак ќе биде тема на разговор на следниот Претседател.



Кога сум веќе на темата, да се надоврзам и на „тензичните“ избори на 5ти Март.

Очигледно, единствен легитимен кандидат за Претседател беше Фуриоус Лејди, која впрочем затоа и се кандидираше, затоа што знаевме дека Столе Лазаров пред неколку месеци престана да игра активно затоа што му се роди ќерка, да е и жива и здрава.

Како и да е, поради големата пропаганда водена под паролата „и Столе да добие Претседателски медал“, затоа што е нормално легенда Столе Лазаров, и тоа што и мртвите акаунти од гроб станаа да гласаат на изборите, истите завршија нерешено (124-124 гласови), изгласавте неактивен акаунт за Претседател, и победата отиде кај Столе Лазаров поради поголемиот левел (искуствени поени).


За среќа, Столе Лазаров ми е драг пријател, и вчера лично разговарав со него околу темата, и како да се реши настантиот проблем.

Иако идеа шаути да се известат гласачите дека Столе Лазаров НЕ Е АКТИВЕН, шаути што и тој самиот ги шаутираше, и самиот рече дека не ни знаел дека е кандидат за Престедател, сепак, на некој начин победи.

Најискрено му го честитам Претседателскиот медал, медал кој што му фалеше и кој што јас го советував да се кандидира кога беше активен, мора да се согласам дека истиот таков медал за него, без разлика на каков начин добиен, е заслужен.

Сакам да му заблагодарам на соработката која вчера во нашиот разговор ја искажа, и самиот тој гласал за Фуриоус Лејди, и и ја пиша следнава порака на еРепаблик:





Поради обврските во Реалниот Живот и новородената ќеркичка, Столе Лазаров не е во можност да ја врши должноста Претседател на еМакедонија, и заедно одлучивме за да не се валка неговото име со импич, истиот ќе си остане како Претседател на еМакедонија, нема да се бара апсолутно никаква активност од него, а тој се согласи Диктаторскиот мандат да го предаде на вториот кандидат, Фуриоус Лејди, и истата да го води мандатот.







Честитам од се срце на Столе за медалот, и се надевам во скоро време ќе се врати и вистински да ја води еМакедонија.
Ве поздравувам и вас драги Македонци, во некоја следна прилика..

Со почит,
Северус Снејп
Претседател на еМакедонија