Излижано-плукнато [МЗИ]

Day 3,351, 13:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Подрав народе.

Во оваа статија сакам да ве информирам за новостите пред се на бојното поле во изминатава недела дена.

Пред да започнам со главната точка на статијата, сакам да ве потсетам за проектот на владата на Македонија во поглед на организација и известување во врска со востанијта во Индија. Се изработи канал на Дискорд каде можете да добиете инфо кога и каде ќе биде следното востание. Ние засега сме задоволни од начинот како функционира каналот, се надевам дека и вие имате позитивни погледи за идејата и системот.

Повеќе за тоа ТУКА.




А сега да се осврнам на главната цел на статијата.

Се случи ретко видена ситуација во е-светот, а тоа е војна на навидум мали држави, како со штета така и по бројот на играчи, но со големо срце и храброст. Ретко кога главен судир во светот бил конфликтот на помали држави, додека големите немале посериозни активности.

Тоа се случи пред една недела со започнување на спасувачка акција за Англија од страна на Литванија и Индија против окупаторите на Англија, Ирска. Во војната подоцна се вклучува и Канада со напад над Финска и заедно со Литванија се во сериозна и успешна офанзива. Да им посакаме среќа и безрезервна помош на бојното поле во битките.




Да одиме со ред.

Треба да се разјаснат некои работи. Се изначитавме многу лаги и тролања околу учеството на Индија во операцијата за помош на Англија, дека тие биле Македонско/Бугарска кукла и дека поради наш притисок тие ја нападнале Ирска, додека на нас ни било ,,страв’’.

Не е тајна дека имавме отворена можност ние да се вклучиме директно во воената операција, но причината поради која не го сторивме тоа ќе ви биде образложена на крајот на статијава.

За жал Индијците конкретно, наидоа на силен противник, и покрај тоа што за прв пат во нивната е-историја извршија успешен воздушен напад, за жал веднаш се испратени дома по неколку дена на гости.




Старите велат, каде што си плукал немој да лижеш. Дон Кроата таму каде што лижеше почна да плука. Нашиот (според многумина) добар пријател, по нашата укажана голема помош за Литванија и Индија, започна да ја преминува црвената линија на гордоста и да паѓа ниско и да користи навредливи имиња и оцрнување на нашата држава. Ние тоа најсилно го осудивме и го покажавме на бојното поле. Индија и Литванија не останаа сами, Ирска беше поразена (привремено), а ние повторно го покажавме тоа што го знаеме многу добро, да бидеме лојални и да им помагаме на нашите пријатели и сојузници.

После протекувањето на ссто каде тој посредува во полесно пронаоѓање единица за да можат Хрватите да кренат диктатура, за 180 степени се смени нашиот поглед за него.




И како што велат во рекламите на ТОП-ШОП: И ТОА НЕ Е СЕ!

Дознавме дека барал МПП со Грција, но нивниот ЦП отворено од него барал именување на нашата држава. Претпоставувате кое. На почетокот одбил, но подоцна (барем од шаутите можеше да се добие таков впечаток) се потпиша МППто на Грција и Ирска.

Пазарење со имиња на државите, до толку ниско паднаа Грците. Жалосно, но уште пожалосно е што нашите поранешни пријатели не користат средства за да здобијат поголема штета.

И како што некако стана практика, како Хрват напиша статија и почна да плука по секој кој порано го поддржувал, бил негов пријател, имал МПП со Ирска, и беше тотално исмеан од цел е-свет поради начинот на кој се обидуваше да најде утеха за поразот, плукање по старите сојузници со кои одамна патиштата се разделија, наместо плукање по своите таканаречени сојузници на хартија.




Македонија постојано била, е и ќе биде дипломатски активна и нема да дозволиме било какви лаги да се шират за нашата држава, потези и тестирање на нашата искреност, блискост и помош на државите кои ни се пријатели и со кои имаме длабоки и позитивни врски. Македонија и понатаму ќе стои исправена и рамо до рамо ќе се бори со своите сојузници без разлика против која држава. Ние ниеден сојузник нема да го оставиме на цедило и без подадена рака.




За крај би сакал да одговорам на прашањата на играчите кои ги поставуваа до владата било преку шаути, било на приватни пораки:

1. Дали и до кога ќе остане диктатурата во Македонија?

- Диктатурата воопшто не беше планирана и беше спасувачка акција која за среќа беше успешно изведена. Таа диктатура се крена со државни пари. За рушење на диктатурата ќе бидат потребни 1милион денари, пари кој државата моментално ги нема.

2. Дали ќе има воздушен напад овој месец?

- Дефинитивно НЕ. Донесена е владина одлука овој месец да нема никакви воени активности, поради една единствена и многу битна причина: премногу малиот број на играчи со пакети. Овој месец сме многу слаби со бројот на активни играчи. Не би сакал сега во јавност да изјавувам конкретни бројки, но верувајте дека тој број е речиси никаков. Затоа овој месец ќе се одмара и фарма максимално, додека во следните месеци сигурно ќе имаме акција и ќебидат возбудливи.
Толку од статијата.

Министер за Информирање

akconel