Последна Претседателска [Лејди]

Day 3,304, 14:25 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Здраво Македонијо!


Не дека имаше многу претседателски статии ама оваа е последна од мене.
Вториов месец малку полетаргично го терав, верувам дека сите го сетивте мојот замор.


1. За НАПот
За жал, не успеав да потпишам НАП, иако тоа ми беше главната цел. Пред две недели имавме спремен НАП, се договоривме, го напишавме, остана само утредента да се пуштат статиите и да се официјализира. Но утредента без посебно објаснување грците се откажаа од преговорите во последен миг. Нивнниот мофа си поднесе оставка, и тој само кажа дека имале внатрешни несогласувања (како и обично). Според информациите до кои дојдовме јас и тимот, Аргентинците дознале дека ќе има НАП и веднаш почнале да им плачат на гр знаејќи дека ако го потпишеме, тие се следни. Кога ги пуштивме АСовите со Бугарија, Виц Арг и Јосемито очајно барале помош насекаде 😃
Сега за сега работите не се во наша полза, Бугарија губи на двата фронта, како резултат на вчерашната промоција. Но тоа нека не ве плаши, веќе сме научени дека им требаат 3 дена да ги потрошат залихите па потоа пак ќе одат на одмор 😃 Како и да е, деновиве треба да запнеме да земеме иницијатива во нападите и ние и Бугарите.



2. Нигерија
Како што веќе неколку пати пишав, се додека ноќта не започна нападот, никој не знаеше ништо. Имале 24 часа додека се гласал законот да не исконтактираат и да пробавме по дипломатски пат да ги средиме недоразбирањата. Не ставија пред свршен чин каде бараа да избереме страна помеѓу два блиски сојузници. Не велам дека ја оправдувам постапката на ОАЕ, но и начинот на Нигерија со кој постапи со нас не беше ништо подобар. Порано бев дел од ДСВ, дури учествував во преземањето на Нигерија и поминав скоро цела година таму, ако не и повеќе, во никој случај немав намера да правам глупости со или против нив. Сепак немаат оправдување за навредите посочени кон мене и нивното очајно барање кривец за нивната неактивност.



3. Финансии (за 2та месеци)

За КО повелете собирајте, множете, одземајте, јас не можам:
https://www.erepublik.com/en/military/military-unit/1432
https://www.erepublik.com/en/military/military-unit/5174
https://www.erepublik.com/en/military/military-unit/5577
https://www.erepublik.com/en/military/military-unit/459


Платено подржување на отприлика 10тина востанија
Платено 2 месеци по 10 000 рента на Индија, вкупно 20 000 денари.
Позајмени 300 000 на Матрим.
Вратени 120 000 на Нено.


Да споменам дека имавме голема помош од сојузниците и од наши играчи во ставање КО во клучни битки.



4. Авио единицата
Правиме авио одред во МА. Со амин од Бобан останувам на проектот и се надевам дека ќе го убрзаме малку. Јас ќе ја водам единицата, некои членови веќе се префрлија, сите сте добредојдени, единицата е отворена.
Откако ќе се собереме сите авијатичари таму, идејата ми е да барам буџет од државата за награда (паричен фонд) за секој качен ранк. Исто така планирам да пробам со стимулирање на авијатичарите со ставање КО само за членовите на МА во критични битки. Е сега сето тоа зависи дали ќе биде одобрено од претседателот.
Мора да сфатиме, ако сакаме да продолжиме да победуваме, мора да развиеме силна авијација. Секоја идеја е добредојдена.



5.На крај сакам да изразам голема благодарност до мојот тим за секојдневната работа, благодарност до трите конгреси за коректноста (научете се да игнорирате закони кога се бара тоа од вас 🙂 ).
Им благодарам и на играчите за следењето наредби (со исклучок на востанијата во Индија).


Морам да кажам дека се радувам кога ве гледам сплотени и продолжете така. Продолжете да си помагате еден на друг, помагајте на сојузниците, следете наредби и најголемите бомби НЕ ги фрлајте без врска во Индија, чувајте ги за милите ни соседи 🙂


На Бобан и Феликс сме им на располагање за се што треба и можеме да помогнеме и тоа е тоа од мене.


МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА о/


Ваша Лејди

П.С. За тие што ја прочитавте статијата до крај: Подржете востание во Раџастан. 😉
[EDIT] Почна востанието, брзи сте 😃
И запомнете: ВО ИНДИЈА СЕКОГАШ ВОСТАНИЈАТА ГИ ГУБИМЕ, ДИРЕКТНИТЕ ГИ ДОБИВАМЕ !