[МНР Македонија] Ситуација во Македонија и еСветот.

Day 3,011, 08:12 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Поздрав еМакедонијо.

Здраво на сите. После некое време се обраќаме од Министерството за Надворешни работи.

1. Македонија



После војната со Уса, Македонија повторно влeгува во стабилна ситуација во Регионот.
Се планираа некои работи како тренинг војна со Кина, Тајланд, но Кина одбија, додека Тајланд веќе имаа тренинг војна, при што Македонија месецов ќе одмара и ќе се отвори тренинг војна со Индија. Да залечиме рани, да собериме муниција и да одмориме. На политички план се реобновуваат веќе постоечките МПП`а. Нема претензија за завземање позиција во моментов на некоја страна. Оригиналните региони ги имаме + добивме нови ресурси во Индија или:

1. Limestone -Kerala 20%
2. Clay - Tamil Nadu 20%
3. Sand - Andhra Pradesh 20%
4. Cattle - Chhattisgarh 20%



2. Бугарија



Во Бугарија ситуациата исто е доста стабилна значи и тие имаат тренинг војна со Пакистан и одмараат, моментално на политички план значи не се завзема никаква страна. МПП то со Иран им е веќе реобновено.
Оригиналните региони им се наоѓаат во стабилна ситуација а како ресурси надвор од оригиналните ги имаат:

1. Grain - West Bengal 10%
2. Fruits - Jammu,Sindh
3. Cattle - Bihar
4. Deer - Orissa.

3. Индонезија.



После офанзивата која што ја направија Македонија, Бугарија и Чиле, Индонезија се враќа во стабилна ситуација и е договорен МИР измеѓу Индонезија и Америка во траење од 1 месец.
Моментално немаат војна и ги имаат ресурсите од оригиналните региони. Што се однесува на надворешен план сеуште немаат никаква промена, имаат скоро исти МПП`а со Нашите.

4. Чиле и Унгарија.



Чилеанците овој месец исто одмараат после војната со УСА.
Моментално ситуацијата кај нив е стабилна, не се дешава ништо во Јужна Америка.
Има пакт за ненапаѓање помеѓу Унгарија и Чиле. За повеќе информации во врска со овој пакт можете да прочитате Овде

Унгарија во моментов има војна со Австрија, и делумно ништо ново во односите или во надворешната политика. Единствено позитивно е дека соработуваат со Чилеанците и тоа е добро. Од ресурси им фалат само Fruits и Cattle

5. Нашиот јужен сосед.



Во моментов нашиот јужен сосед не е во војна, Но можеме да видиме дека на политички план повторно се менува нешто. Тие во скоро време потпишаа МПП со Бразил.
Со ова тие на еден начин повторно се приближуваат кон Астерија.
Реално ова е лошо за Македонија и Бугарија, на овој начин тие ќе се осигураат во регионот, но сепак и лошо за Јужниот сосед бидејќи веќе ги разнишаа односите со Хрватска и Турција, а со ова МПП на Бразил веќе и со Грузија. Нашиот јужен сосед со други зборови станаа втора Полска. Како ќе дувни ветрот така и се вртат.
Добро е што веќе земји нивни пријатели веќе го гледаат ова, и соседите се помалце добиваат помош.

6. Хрватска.



Хрватска месецов има одчичен тим, пред се здраво размислуваат и се доста пријателски настроени кон Македонија. Односот во Индија е феноменален.



Хрватите прилично ме изненадија кога сакаа Уса да ни постават диктатор ( ТДК)
Доста активно и за пофалба, се бореа за Демократија, и се едни од земјите кои ни помoгнаа. Македонија им се заблагодарува за ова, и ќе биде вратено.
Што се однесува на политички план, пробуваат да ги зацврстат односите со Македонија и нешто со Бугарија. Бугарите тешко дека ќе го прифатат ова пријателство со оглед на минатото каде што Хрватска го предаде пријателството со Бугарија за МПП со Нашиот јужен сосед. Но сепак тоа е минато, што ќе донесе иднината ќе видиме понатаму. Односот моментално со нашиот јужен сосед им е на доста лошо ниво. Ова е доста позитивно за нас, затоа што во нашите војни со Јужнот сосед, Хрватска се помалце ќе пука за нив.

7. Италија.



Италјанците се борат за слобода во моментов против Словенија. Комплетно се Избришани.
Што се однесува до МПП`то со Македонија пред некој ден имаше некои реакции.
Значи во Италија има партија која што моментално ги изгуби изборите, и таа партија го бојкотираше ова МПП со Македонија. Знаеме дека Италјанците често менуваат страна, но во моментов се пријателски настроени кон Македонија. Треба да работиме на ова пријателство и пред се тоа да биде се поголемо.

Исто така најактивна единица е DIRA која што дава голем рефунд за сите борци од д1-д4 на неделно ниво. Се што треба да правите е да го контактирате командирот, и да смените аватар со логото од единицата. Најчесто приоритет ќе биде Војната со Словенија.
За повеќе иинфо обратете се кај командирот.

8. Иран, Турција.



Ситуацијата после подолг период се смирува. Турција комплетно се ослободува.
И би требало да има договор за Мир измеѓу двете земји. Што се однесува на политички план Иран има добар однос кон Македонија, а веќе и работи со Бугарија.
Додека со Турците однос немаме во моментов.



9. Србија.



После претходните случувања верувам дека на сите ни се разјасна што може да се деси со нив. Односи овој месец, моментално нема. Дали единиците контактираат меѓусебно за соработка тоа си е договор измеѓу командирите.
Моментално имаат војна со Канада.

=======================================

За Шаут:

[МНР Македонија] Ситуација во Македонија и еСветот.
http://www.erepublik.com/en/article/-1344-2583406/1/20


Министер за надворешни работи Phantom MKD



o7