Број - 12 Од денес за утре

Day 1,238, 12:56 Published in North Macedonia North Macedonia by mymedmind

Ќе ми извините ама ептен сте поулавени. Мислев дека правите грешки ама не сум бил во право. За да грешите треба план кој не го исполнувате или лош план, а вие воопшто го немате.

Пред малку претседателот кој е редовно отсутен се појави со референдум. Дали под одредени услови (без разлика на поволноста) би сакале да им ослободиме на италијанците неколку региони. Прво кога е веќе референдум барем да е на некој форум да видиме конечни резултати не вака од око, ама ајде...

Ќе почнам со приказнава со случки од пред некој ден.

Прво со сет памет го нападнавме Видин и ги отсековме србите. Точно дека заради тоа што сме природни непријатели моравме да нападнеме ама ова не е изговор за непотребна војна. Ако сум грешка кажете што добивме, а истовремено во италија имавме ослободени региони.

Потоа се постави закон на гласање Франција да ни биде природен непријател. Ѓи поврзавме италијанските региони па уште Франција ни фали. Да не заборавиме дека ја отстапивме Лингурија за Словенија да ја напдане Франција. Значи Видин и Лингурија се веќе две празни битки. Дај барем кажете уште колку такви планирате. Кога разговарав околу плановите со некои кои се на раководни места (морам да признаам дека наидов на разбирање) ми беше одговорено дека тоа се инструкции од ОНЕ. Па во тоа ОНЕ некој наш човек има ли уста да каже дека не маваат како луди де натаму де наваму. Тие наредби кои ѓи добивате се во интерес на тие што ви ѓи даваат. Вие треба да се изборите за нашите интереси и да престанете со оваа безусловна подршка.

Сега го добивме референдумот. Нормално кога лаеше народот ароганцијата не ви даваше да признаете грешка е сега на мала врата ќе ја маскирате. Сфативте дека на три фронта (бугарите кај и дае ќе се вратат) тешко дека ќе успееме и сега од позиција на апсолутна победа ќе прифаќаме услови. Зошто? За мир? Па секако се немоќни, ама да не се залетавме на Франција.

Мислам дека референдумот е третата стратегиска лудост. Ние треба да го пренесеме главниот град во Италија.
Одговорт на зошто е овој: http://www.erepublik.com/en/article/-demigod-mk-1-1744053/1/20.
Овде е објаснето што ќе се случува во иднина.

Според ова почнете да мислите на подолги стази смирете ја малце ситуацијата оти како што гледате сеуште не сме велесила. Сите тие постови во кои се исмејувате со бугарите со ваква стратегија ќе се претворат во кавги. Ова веќе го имаме видено. Направете долгорочна стратегија и спроведувајте ја, во склоп на истата терајте ѓи плановите на ОНЕ во спротивно сме во загуба.

Сега за сега лутаме, се надевам дека наскоро ќе имаме правец!

РАЗМИСЛЕТЕ!!!

Додека го пишував теkстот овa: http://www.erepublik.com/en/Slovenia/law/71590 е последната промена.

За жал изгледа сум во право за се што пишував!