Последен крик на денес двегодишниот добар стар волк

Day 1,879, 04:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Alek Macedonian


Не очекував ама кога ми текна дека дури пред 2 години (ко да беа 2 века, но и 1 миг) почнав да ја играм играва навистина емоциите надвладеаја со мене и се решив после долго време да напишам една статија, и не обична статија, туку последна статија.

Барем засега, искрено, не планирам да ја напуштам играва и ќе си продолжам со двокликашкиот живот, но дефинитивно ова е последен пат моите еМисли да ги изразам во весник, мојот најомилен дел од erepublik-от.
Јас сум толку стар (за 4 дена 21 HW Медал) што ретко кој од сегашниве битни луѓе во играва ме знае, а кој ме знаел, веројатно ме заборавил, но најголем дел од оние со кој го дишевме истиот еВоздух сега, за жал, се веќе еМртви.
Точно пред две години започнав со играва, како и многу други Македонци и навистина на почетокот беше топ (војна со Бугарија, патриотизам на највисоко ниво).
Сите велеа бебињата да не се занесуваат, треба да ги слушаат постарите ама секој нов играч беше горд кога после долго размислување ќе пукнеше 2-3 пати против тогашните источни непријатели и ќе направеше околу 100 influence.

Мене ме нервираше што некои се правеа паметни па си отворив весник иако на почетокот без успех зошто сите ги гласаа статиите на United Macedonia, Strumjanin, Makedonec MKD, Phoenix MK, Lazarosa MKD, Ivan Vancho Makedonski и др.
Како и да е, една статија го смени мојот статус од никаков во некаков еНовинар (иако тврдам дека никогаш не напишав статија од типот суб за суб или сл.), а тоа е статијата која за еден ден отиде на второ место во светот со околу 1000 гласови пред да биде избришана од админите : “Порака до Плато(н) и докази за неговото Атињанско потекло” во која аргументирано зборував за помошта спрема еГрција.
Следеа уште 2-3 статии што беа бришени кога имаа околу 500-600 гласа, но тоа беше доволно за првиот ММ Медал.
Криво ми е што со статиите беа бришени и коментарите па сега не би можел со задоволство да се присетам на мислењата за мојата работа од тој период. Но, што е тука е, едно време имав и 9 казнени поени и ми беше блокиран шаутот и весникот но со време Плато ми се смилува, т.е. ме амнестира, оти нели бев политички затвореник.
Уште една од моите најдраги статии е “The most epic batlle in eMacedonian history”, после првото освојување на Егејска пред година ипол и првиот коментар што некогаш го даде херојот ScymeX, токму во мојот весник. Статијата потоа нормално беше избришана од не знам која причина, но јас знаев дека нешто такво ќе се случи и направив Print Screen од коментарот па го обајвив во следната статија која за среќа остана да сведочи за мојот успех.
Сакав да направам и интервју со некој Грк и кога конечно еден прифати, неговото ФИРОМ го заменив со МАКЕДОНИЈА и админите пак ме казнија оти сум му ги менувал зборовите, иако мое право е што ќе напишам и како, но тоа е.
Оттогаш многу работи се сменија во играва и постепено се откажав од пишување особено после добивањето на вториот ММ Медал без ниту еден купен глас или sub, на што сум особено горд.

Сакав во оваа последна статија повеќе да пишувам за минатото со акцент на она во што бев вистински мајстор и, нема да бидам скромен, еден од најдобрите новинари во историја на еМакедонија, затоа што да не заборавиме дека позади мене не стоеше АрМакедон или која било друга единица со чија помош статиите на “познатите” за десетина минути добиваа над 100 гласа - јас си бев самостоен.

Не сакам да ви трошам многу време од вашиот ден, па да кажувам приказни иако имам многу што да приложам од мојот интересен еЖивот.
Ќе споменам само дека имав добри односи со голем дел од играчите, никогаш не заземав страна во меѓумакедонските судири како на времето меѓу Armakedon и Panzer, 2 пати освоив конгресменско место, од кои еднаш со најголем број на гласови во историјата на конгресменските избори за еден кандидат, цело време до ден денешен сум член на првата и најголема партија Обединета еМакедонија, но секако многу пати јавно поддржував и луѓе од другите партии, односно воопшто не ми беше важно што сум член на таа партија, оти единствената партија за мене беше еМакедонија, а се друго беше симболично.
Така и после 6-7 месеци игра од раководството на партијата ми беше предложено да се кандидирам на Претседател на државата (што значеше и мој сигурен избор за Претседател во тоа време), но одбив од лични причини.

Не војував многу иако со crazyestman бевме втори луѓе во паравоената единица Патриот и ги вршевме сите работи, за после некое време на командирот да му здосади и без никаква причина со погрдни зборови да ме избрка прво мене па и него.
Сепак, и покрај горчината како и секогаш не направив хајка и никогаш јавно не изустив збор против тогашниот мој шеф Maxep.
Потоа ја формирав паравоената единица Александрова Гарда, која своевремено беше и во ТОП 5 во еМакедонија по убиства, но поради намалувањето на мојот интерес и немањето луѓе кои сериозно би продолжиле сега сме само солидна единица која сепак сеуште има што да каже.

еМакедонија општо најдобро беше водена во времето на Струмјанин иако тоа не го менува моето лошо мислење за него, затоа што десетици пати сум го молел за помош за некои ситни работи (не за заеми на злато или пари) или сум барал совет, но тој секогаш ме игнорирал и на чет и во приватни пораки, а можеше барем да каже дека не може да помогне, но и тоа помина, и веројатно бил многу зафатен па не треба да му замерувам.

Сега кога конечно сум доволно економски моќен си ги направив моите тренинг центри на Q4, и успевам да се ојачам колку-толку иако силата сега е ирелевантна кога постојат луѓе кои фрлаат реални пари за ништо и се радуваат на виртуелни победи.

На почетокот оваа игра беше хит, најдов и пријатели кои би ја играле, но и тие се откажаа (иако фатив SB Медал), остана само ако не се лажам Anakin Skywalker 85, играч што навистина го почитувам и се гордеам што го донесов во играва иако не ми е реферал.

Веројатно ја претерав со пишување, но последната глава е секогаш најинтересна и се надевам нема да ви здосади да ги читате овие редови.
Тие што се постари од мене нека се сетат за златното време на ерепублик, помладите нека се обидат да си го замислат, а на сите ќе ви го посакам најважното а тоа е здравје, среќа, љубов и многу радосни моменти во реалниот живот и запамтете дека ова е само игра.

SHOUT:

Последен крик на денес двегодишниот добар стар волк
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2191784/1/20

На крај она познатото:


ЕДИНСТВО, за да ја постигнеме нашата цел-
ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!!!



Искрено ваш,
Alek Macedonian