Конгресменски избори - Бразил !

Day 1,864, 06:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Aexil Kong Junior

Здраво еМакедонијо.

Како амбасадор на еМакедонија во еБразил денеска ќе ви ги претставам резултатите од конгресменските избори во еБразил.

Бразил,иако една од најмоќните еДржави по број на играчи сепак,нема толку многу играчи кои гласаат на изборите.



Во еБразил гласале нешто повеќе од 1000 играчи,од кои.. 250 од нив довербата ја дале на партијата O.D.I.N. која со тоа добила 24.46% од гласовите и со тоа освои 10 конгресменски места.

На второ место се најде партијата Partido Militar со 214 освоени гласови или 20.94% од вкупниот број на гласови,освоија 8 конгресменски места.

Слично како и партијата Partido Militar и партијата Thunder освои 8 конгресменски места,но на изборите имаа 4 гласа помалку од Partido Militar,т.е. освоија 210 гласови или 20.55% од вкупниот број на гласови.

На четвртото место се најде партијата ARENA со 175 гласови или 17.12% од вкупниот број на гласови.Со ова тие добија 7 конгресменски места.

И,на последното петто место се најде партијата S.P.A.R.TA со освоени 16.93% од вкупниот број на гласови, или 173 гласа,односно 2 помалку од ARENA,па со тоа и тие добија 7 конгресменски места.

Тоа беше се.
Искрено ваш, Aexil Kong Junior o7 !