[Дополнето+организирање на еРепубликанците] Малата Драга има потреба од нас !!!

Day 1,776, 11:24 Published in North Macedonia North Macedonia by bibermk

Текстов го пишувам во брзање и растревожен после телефонскиот повик, но кого го интересираат граматички грешки кога се работи за живот.

Сигурно се сеќавате на акцијата која беше спроведена од страна на Македонците пред не полн месец за дарување крв на малтото девојче кое боледува од леукемија. Благодарејќи на cicko kumplug http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/4601226 кој несебично организираше собир на сите еРепубликанци кои сакаа да помогнат и да даруваат крв за да му помогнат на девојчето, неколку наши хумани играчи организирано даруваа крв уште утре дента. Јас тогаш бев на работа и не бев во можност да одам да дарувам крв.

После неколкуте неуспешни обиди да го добијам на телефон таткото на девојчето, му пратив СМС, во случај да има било каква потреба да ме контактира за да им помогнам. Денес пред половина час добив повик, човекот беше изгубен, замислен и маката го натереа да ме побара бидејќи на Онкологија повторно немало крв АБ+. За жал и овој пат неможам да отидам и да дарувам крв бидејќи сум на терен и нема да бидам во Скопје уште една недела. Му ветив дека ќе дадам се од себе за најдам некој што би можел да помогне.

Ситуацијава е алармантна и крвта е потребна утре!! Затоа ве молам сите хумани Македонци кои имаат крвна група АБ+ и сакаат да му помогнам на ова мало дете утре да одат во Државната Болница во Скопје на одделот Трансфузиологија и да донираат капка живот за малата Драга.

Потребна е крвна група АБ+!!! Телефонскиот број на таткото е 072 226 104, јавете се разговарајте или пратете СМС. Може нема да ви крене одма бидејќи таткото најверојатно е во гужва и само тој знае како се чуствува во моментов.

Исто така може да му пратите порака во играва на cicko kumplug, организаторот на претходната акција за да ве упати и да ви даде подетални информациии што треба да направите.

Се надевам дека ќе бидеме брзи и дека уште утре ќе се најдат неколку хумани дарители и ќе му помогнеме на девојчето.

ДОПОЛНА: Двајца мои колеги веќе даруваат крв, утрово се слушнав со шефот и експресно организраа ација....за жал само двајца се АБ+. Како и да е подобро двајца отколку ниту еден.
Сите оние кои што сакаат организирано да отидеме во четврток да даруваме крв ве молам да ми пратат порака во играва, нека остават телефон, од кој град се и во колку часот им одговара да одиме до трансфузиологија. Ве молам за што помасовен одзив!

До сега пријавени:

Bibermk
cicko kumplug

За шаут: Малата Драга има потреба од нас !!! http://www.erepublik.com/en/article/-1-2130378/1/20