Волци и Витези Регрутација

Day 1,676, 10:05 Published in USA North Macedonia by EzioAuditoremk

Здраво еМакедонијо

Поминаа многу месеци откако две големи еМакедонски единици, добро познатите Волци и Македонските Сончеви Витези се споија во една паравоена единица. Самиот чин на формирање на заедништво помеѓу овие две средини, создаде можност за нови дружења и проширување на хоризонтите. Иако на почетокот бевме странци, за краток период соработката прерасна во прекрасно пријателство. Дружењето без граници е тоа што и ден денес не спојува во нешто единствено, нешто на што се темели една од најмоќните единици во еМакедонија, Волци и Витези

Навистина ни претставува чест да ви соопштиме дека после подолг временски период, нашата единица ПОВТОРНО реши да регрутира нови членови и членки, се со цел нашата заедница повторно да го врати стариот сјај, кој го имаше и на почетокот откако беше формирана. Ве покануваме да ни се приклучите на нашата заедница, и да ја почувствувате атмосферата која владее во неа.

Службата во корист на еМакедонија е тоа што не води, а пријателството и забавните моменти поминати заедно, тоа што не сплотува, па не за џабе не бевме и е една од највлијателните и најозборуваните единици подолг временски период. Еднаквоста и рамноправноста се главни карактеристики кај нас. Добро, освен тоа што девојките добиваат повеќе рефунд. 😃 (што е доказ дека знаеме да го цениме понежниот пол, и да им ги дадеме соодветните права).



Рефундот во единицата за машките изнесува 7 q6 тенкови и за девојките 8 q6 тенкови (a во иднина и повеќе).Покрај тоа за активните членови кои што доаѓаат на ударите на крајот од секоја недела (во зависност од тоа на колку удари се дојдени) добиваат и БОНУС тенкови.

Бонус тенковите се добиват според вкупното ФФ испукано на ударите за таа недела. Обично со бонус тенковите си ги враќате сите потрошени тенкови на ударите за таа недела и плус остануваат за вас. Пример: http://goo.gl/anIju (тенковите беа скапи тогаш, сега се добиват повеќе).






Потребни услови за влез во единицата се :
*Да сте припадници на третата или четвртата девизија
*Да имате 4500 strength
*Да работите во наша компанија за минималец
*Да носите наш аватар (еден од овие погоре или пак да ни дадете слика па ние да ви направиме ваш по сопствен избор)


Доколку сте заинтересирани или имате некакви прашања во врска со единицата, или едноставно само сакате да се подружите со нас повелете на нашиот официјален канал #WK или пак пишете ми порака.

Придружете ни се, бидејќи :

~United we stand, divided we fall~

Best Wishes
Ezio Auditore da Firence