Грција наскоро ќе излезе од еврозоната!

Day 1,675, 10:58 Published in North Macedonia North Macedonia by Mr.Santino

Без разлика на се Грција за еден месец или најдоцна за година дена ќе излезе од еврозоната, тврдат аналитичарите.

Грција формира нова коалициона влада, но аналитичарите предвидуваат дека на земјата и се пишува лошо и тоа во најскоро време.

За да ја убеди Европската Унија и ММФ да и ги пуштат потребните 130 милијарди евра, новата влада мора да почне да ги спроведува строгите мерки за намалување на јавниот долг, што е услов за добивање на финансиска помош.

Лидерот на Пасок, Евангелос Венизелос е подготвен за голема војна со Брисел. Тој смета дека на Грција и е неопходна програмата за стимулирање на економскиот раст и намалување на невработеноста како и на расходите.
Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд, изјавиле дека Грците мора да остане приврзани за обврските кои ги прифатила.

Ако Грција не успее да ги добие потребните концесии, Демократската левица, може да не го подржи тој договор и тогаш коалицијата, а заедно со нејзе и владата брзо ќе се распаднат.

Економистите се уверени дека тоа и ќе се случи и тоа многу брзо, а истото тоа го предупредуваат и водечкте свестки банки како што се “Morgan Stenli”,, и ”Sitigrup”.
Владата во најкраток можен рок мора да одлучи како да ги намали расходите и тоа за три милијарди евра или за 1,5% од БДП. Исто така до 2014 година трошоците мора да се намалат за уште 7% од БДП, со што би се остварите пропишаните цели на ЕУ.