[МНР] Резултати од анкетата и одјавување

Day 1,659, 08:43 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани

Пред два дена Претседателот El Che G и МНР спроведоа анкета за да се испита мислењето на јавноста околу македонската дипломатија односно во кој правец истата да се насочи, за македонските сојузници а особено да се види колку македонските играчи се расположени за прекин или продолжување на војната со еАтина.

Со резултатите од спроведената анкета овој состав на МНР се одјавува. Би сакале да упатиме благодарност до Вас македонските еГраѓани кои го оценивте работењето на МНР со највисока оценка, на El Che G за укажаната доверба и на сите кои придонесоа да ова министерство функционира успешно. Од утре МНР организацијата ќе биде предадена на новиот еМакедонски Претседател и наредниот МоФа тим. Им посакуваме успешна работа и се надеваме дека ќе ги искористат резултатите од анкетата како насока во своето работење. Резултатите секако не можат да се земат за 100% валидни но во голема мера ќе помогнат.

- РЕЗУЛТАТИ ОД СПРОВЕДЕНАТА АНКЕТА -

*Вкупно гласови: 345
*Валидни гласови: 337

- Мнозината македонски играчи потврдија дека еМакедонија мора да продолжи во насоката да ја подобрува дипломатската и воена соработка со постоечките сојузници (33😵 но и да придобие нови сојузници (31😵. За поголемо лобирање за промени во постоечкиот сојуз гласаа 17% од анкетираните а останите три опции се движат со речиси ист број гласови.


Високи 59% од анкетираните потврдија дека сегашниов состав на МНР работело одлично односно дадоа оценка пет, додатни 26% го оценија работењето на МНР со оценка четири, 10% дадоа оценка три, 3% дадоа оценка два и 1% оценка еден.


Доаѓа на ред најинтересниот дел од анкетата, гласовите за примирје или војна со еАтина.
Дури 61% од регистрираните гласови ја заокружија опцијата НЕ за НАП (примирје) со еАтина наспроти потврдните 23%. 14% од македонските играчи кои зеле учество во анкетата ја заокружија опцијата дека им е сеедно дали ќе има примирје или војна со еАтина.

Околу македонските сојузници, најголема доверба кај македонците уживаат еСрбија (91😵 и еБугарија(90😵 со речиси ист број на гласови, следува еУнгарија (61😵, еИндонезија (38😵, еПолска (30😵 итн. Најниска оценка македонците дадоа на еБелгија и еПарагвај со 1% од гласовите.


Околу тоа со кои земји еМакедонија треба да ја подобри дипломатската и воената комуникација, високи 59% од гласовите се издвојува еПолска ,со 45% на второ место се најде еШпанија а на трето место еИндонезија со 39%.



Ви Благодариме на довербата. Останете ни со здравје. HAIL MACEDONIA!

Со Почит
МНР Македонија
PhoenixMK, BlackMK, Palavec, AlexSkopje & MacedonianKvoda
Јуни 2012