[МНР] НАП со еАтина? + анкета

Day 1,656, 04:36 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани

Уште само неколку дена до крајот на мандатот на Претседателот El Che G а со тоа и на овој состав на МНР. Овој месец беше доста бурен на воен план но наспроти тоа, на дипломатски план речиси и воопшто не се случуваше подолго време, како на полето на македонската дипломатија, така и во Новиот Свет.

Единствено побитно случување забележано во Новиот Свет беше она пред три дена кога канаѓаните решија да го напуштат сојузот EDEN поради интерни проблеми во алијансата а кои директно ја засегнувале позицијата на Канада. Тоа и не е некоја голема промена со оглед да тоа што Канада беше формално членка на двата сојузи EDEN & TERRA истовремено. повеќе

Во еМакедонија немаше дипломатски случувања речиси пола месец.
Од првиот извештај на МНР можевте да видите за случувањата во првите 10 дена од превземањето на функцијата, но од тогаш па до денес поголеми и позначајни новитети на полето на македонската дипломатија речиси и немаше. Единствено може да го забележиме изборот на Andrej.M за SG на ONE а со тоа и првиот еМакедонец кој стасал до најпрестижната воедно и највисоката по хирархија функција во сојузот. Моментално ONE е под капата и управата на еМакедонец.

*NAP со еАтина?
Особено нешто што ќе ве интересира е предлогот за НАП од страна на еАтинците. Пред три дена, еАтинскиот МоФА ме контактираше и ми го достави предлогот. По предлогот беше отворена дебата во Академијата и во еВладата. Знаеме дека и двете страни сме изморени од вечните пинг-понг војни, а еАтинската влада на чело со Мегасалександрос е упорна во тоа да потпишат НАП со еМакедонија во траење од еден месец. Од наша страна не беше во план НАП во никој случај па два дена подоцна, предлогот за НАП го одбивме од причина што околностите не го дозволуваат тоа и истиот доколку се усвои би се потпишал на само една недела пред крајот на Претседателскиот мандат а сеуште не сме запознати со кандидатите за Претседател и со нивните програми па не би било фер спрема нив. еАтинците се согласија на нашата забелешка па ова прашање го оставаме на идниот Претседател и еВлада. Секако, пред да потпишеме било каков НАП со нив најпрво би излегле со соопштение и референдум за да го видиме Вашето мислење. МНОЗИНСТВОТО ОДЛУЧУВА!

На крајот на мандатов на МНР би сакале да спроведеме една анкета за да го видеме мислењето на јавноста за тоа каква е македонската дипломатија, што недостасува или треба да се поправи но највеќе сакаме да го видиме мислењето на македонците за нашите сојузници. Со оглед на тоа што чести се коментирањата дека сојузот недоволно ни помага па и останатите земји, потребно е да се расчисти тоа преку мислењето на поголема група македонци, да се види кои сојузници највеќе ја уживаат довербата кај македонците, со кои сојузници еМакедонија треба да ја подобри дипломатската па и воена соработка. Резултатите ќе бидат објавени непосредно пред Претседателските избори.

Анкетата ќе ви одземе едвај 3 минути, Ве молиме шаутирајте го овој артикал на МНР за да земат учество поголем број на македонски играчи.

ЛИНК ДО АНКЕТАТА: http://tinyurl.com/d8hzjnc

НАПОМЕНА: Прашањата во анкетата се однесуваат за периодот од 5ти мај до денес. Ве молиме гласајте објективно за да исходот од анкетата биде што повеќе релевантен и земен в предвид од следниот Претседател и тим на МНР.

Со Почит
МНР Македонија
Автор: PhoenixMK