Епа чорба!

Day 1,610, 05:32 Published in North Macedonia Italy by Mlster X
Епа чорба е работава.

Како што гледаме економијава се повеќе тоне, како нашата така и светската.
Златото станува се поскапо, а производите се поевтини... Кој е виновен за ваквата ситуација? Јас мислам дека сами си ја сечеме гранката на која што седиме.
Во реалноста спуштањето на цените резултира со намален квалитет на производите, дали во реалноста тоа е добро или лошо за тие кои што произведуваат?
Па и не толку. Некој ќе рече зошто не е лошо за тие кои што произведуваат? Затоа што намалениот квалитет на производот доведува до негово побрзо одкажување/расипување, со што купувачот ќе мора да набави нов таков производ. Од друга страна во реалноста има такмичење со иновации. Се внесуваат новитети и новитетите го продаваат производот, затоа и реалниот пазар горе доле добро опстојува, но дали важи и за тука истата филозофија?
НИ ПОД РАЗНО. Тука нема новитети, кои ќе ги продадат новите тенкови, ниту побрзо се расипуваат производите како во реалност.
Што значи истово?
Дека си ја сечеме гранката на која што седиме. Трката по профит и спуштањето на цената е со краткортаен учинок, после тоа е чиста загуба. Веќе подолг период неможам да приметам пораст на цената на производите а златото станува се поскапо.
Дали може да се смени работава?
Само ако се смени свеста кај луѓето. А тоа тешко се менува.

За шаут:
Епа чорба!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2010206/1/20

И не заборавајте S + V 😉