Како до повеќе пари?

Day 1,601, 00:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker

Не, не пишувам како лично да се збогатите, туку на едржавно ниво. Сите поголеми земји додека имаа проблем со ограничувањето од 99999 парични единици на ден бараа начин за зголемување на таа сума. Наједноставниот начин беше со купување на бескорисни болници и одбрамбени механизми.



Малку пософистицираниот и нормално покомплициран начин беше со дуплирање на тие 99999 на ден. Денес поимот дуплирање нема смисла затоа што тоа ограничување веќе не постои, но некои од решенијата кои се применуваа порано се применливи и корисни и денес. Конкретно тогашното дуплирање се правеше со превземање на власта во некоја помала земја.

При таквата акција, не се само парите од донации кои се добиваат, туку и сите злата од конгресменските и претседателските медали на пример, потоа изнајмувањето на тие територии на соседните земји итн. Една таква мала земја може да направи одличен профит ако соодветно се менаџира. Даноците се поставуваат на високо ниво за едржавната каса да се полни многу побрзо по човек. Причината за тоа е малата бројност на еграѓаните и оние кои имаат лиценци за продавање таму.

Производите кои се продаваат секогаш дреба да држат енормно висока цена за целото ова да има смисла. Се разбира дека никој паметен нема да купува такви производи, но додека постои скриптата на администраторите, таа ќе продолжи да купува 🙂 Препродавачи ќе има доволно, а едржавната каса ќе се полни со високите даноци. Овие дополнителни пари и не се така мали. Една еШвајцарија на пример без проблем може секојдневно да вади по 40000 парични единици, а воопшто нема добро менаџирана економија. Тоа се дополнителни средства кои секако ќе помогнат за поголем рефунд на војската, развој на новите играчи, раздор во власта, итн.

Првобитната акција и не е толку тешка за реализација, овие земји имаат по десетина активни играчи кои најчесто самите веќе се птоери, а целите земји имаат помалку од 200-300 жители. Таканаречените неутрални земји се најдобра цел затоа што ниту ќе си направиме проблем во нашиот сојуз, а нема ни противничките нешто многу да се замараат. Не секогаш нештата се добиваат со сила, понекогаш треба и малку памет 😉



Нормално дека со паметно тргување може да се зголеми профитот на една едржава, но тука нема да се осврнам на тој аспект од играта.


Plainswalker