Има ли спас?

Day 1,599, 15:21 Published in North Macedonia Italy by Mlster X

Се разбира дека има!

Здраво до сите!

Првата статија беше Економска анализа, вторава повторно е поврзана со економија.
Како што можеме да приметиме деновиве се повеќе ни паѓаат цените на маркетот.
Се запрашуваме зошто?
Го утепав поголемото време од денот анализирајќи го маркетот, но и провоцирајки малку. Како провоцирав? Па решив и по цена да отидам во некоја загуба да ставам пониска цена и да видам што ќе се случи.
Секогаш неколку души гледаа да стават нешто под тоа.
Дали би ја рушел цената некој кој истите ги произведува? Не верувам!
Може но за момент (за да набави нови репро материјали или да обезбеди плати) но постојано да оди со цена под... тоа може да го прават само шверцерите и оние кои немаат сопствено производство.

Постојат повеќе начини да се урне сопствената држава.
Да се пука против сопствената држава во битките,
Да се работи за непријателот (во негови фирми)
Но и со тоа што ќе се одлеваат Македонските пари надвор од државата.

Како се одлеваат парите надвор?
Па со шверц, се разбира. Се намалуваат нашите цени, а со тоа се намалува се. Платите, цените на рав материјалот...
Се е поврзано.
Ако некој неможе да го пласира својот производ на пазарот по соодветна цена, ќе ги намали платите на вработените, ќе падне цената на равот и се во круг...
Ете како може да се пука без тенкови против сопствениот систем.
Така економски јакне непријателот а ние слабееме.
До кога?
За жал додека не проработи совеста тај тие што го прават тоа.

Дали ќе си направиме оаза или пустина во голема мерка и од нас зависи



Не се виновни админите или некој друг за нашата состојба, туку се виновни нечии ситни его интереси.

Ако веќе некој се решил да се занимава со шверц или да работи во немакедонска фирма, нека го направи тоа барем кај сојузниците, а не кај некои кои што како код им стои да маваат во битката против Македонија.
Немојте да размислувате: Има време, да ојачам економски па после ќе работам кај нас и за нас. Имајте на ум дека додека се прави тоа, некој друг станува уште по силен.

Поздрав до сите!

Заедно сме посилни


И не заборавајте по еден Sub + Vote на весникот.

За шаут:
Има ли спас?
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2002746/1/20