ДОКАЗИ дека ПЛАТО(Н) беше и си остана АТИЊАНЕЦ + ПОРАКА до него !

Day 1,509, 13:25 Published in North Macedonia North Macedonia by Alek Macedonian
Помина многу време, повеќе од половина година, сите пораснавме или остаревме по малку, откако ја напишав својата прва статија со која се означи почетокот на мојата борба со Платон, односно гореспоменатиот Атињан.
Јас пишував многу помалку од другите, а бев казнуван многу повеќе од нив, токму поради содржината во моите статии која за овој еЛидер не беше соодветна зошто беше против неговиот еНарод – Атињаните!
Да не должам многу, првичната идеја ми беше да напишам слична статија и да ги изнесам истите причини за моите размислувања зошто Платон е Грк.
Сепак, денешните случувања по една преписка со админите ме натераа да го возобновам старото ривалство!


Јас за се што зборувам имам факти, некои веќе прочитани, некои не, но се што зборувам е врз основа на некои докази и не е напишано, што се вели, тукутака!

Имено, Платон живее (тоа можете да го видите на неговиот профил), односно неговата резиденција е во Атика, Грција. Контрадикторно е тоа што во вода паѓа објаснувањето дека во Античка Грција се создадени првите држави, та затоа и тој треба да е по потекло од таму, затоа што првите држави се создадени во Месопотамија, а не јужно од нас!
Понатаму, да не зборувам за казнените поени кои тој ги дели на секој што ќе каже лош збор за еАтињаните, наместените битки (инаку зошто сеуште не би бил прифатен апелот за бројач на инфлуенс) и бановите кои ги добиваат македонските играчи, многу често за ништо и без причина (ова не го зборувам зошто така ми чини, туку затоа што за тоа сите зборуваат и се жалат)!
Малку постарите играчи исто така се сеќаваат и дека многу еПретседатели беа банирани (најголемиот дел од ONE) после барањата за промени пред, ако не се лажам, половина година, а еден од тие кои не го поддржаа планот за подобра игра беше и еГрчкиот претседател. ЗОШТО ? Проценете сами !
- Сето тоа било и поминало, но сакав само да се навратам на некои од поважните работи.

Сега, односно денеска се случи нешто што страшно многу ме изнервира и иако видов реакција во една статија, сепак се подзаборави на тој проблем, кој ги засега сите Македонци, многу брзо!
Имено, нам добропознатиот smee, докажан еГрк за оние што не знаат, сабајлево напиша една екстремно навредлива статија кон Македонија и Македонците како народ. Еве ви ја статијата, читнете малку - http://www.erepublik.com/en/article/bulgarian-fyromian-brotherhood--1941003/1/20
Каква беше нашата реакција ?!?
Нормално, репортиравме масовно, како што е адет, ама статијата не прекина да зрачи во етерот !!! Се пиша и статија, ама џабе!
Платон ИЧ УВО НЕ ГО БОЛИ ЗА НАШИТЕ РЕАКЦИИ !!!
Видов не видов, си реков ај тикет да пратам, може не прочитале убаво админиве и еве каков одговор добив:



За почитуваните господа немало никаков спорен дел во овој текст !!!
А тоа што нашите региони се нарекуваат со име на друга држава, а тоа што за нашиот народ се употребува погрден термин и навреди ? Не е ли тоа Навреда, Вулгарност, Расизам... ???
- Чим не е, тогаш еве ме мене повторно со статија, баш у мој стил !


НА КРАЈОТ УШТЕ ЕДНАШ ПОРАКАТА ДО ПЛАТОН, А ВОЕДНО ДО СИТЕ АТИЊАНИ:



Бидете ми поздравени, немојте никој текстов да го разбере како навреда, само сакам да предочам нешто што не ми се допаѓа, нешто што ме прави да се чувствувам понижено и мало (каков не сум, се разбира)!
Админите воведоа многу добри новини во играва, но некои работа мораат да бидат јасни, не бараме помош, кога сме криви нека бидеме казнети, но бараме ист третман за сите!


--- Ве молам за SHOUT, тоа е најмалку што можете да направите:
ДОКАЗИ дека ПЛАТО(Н) беше и си остана АТИЊАНЕЦ + ПОРАКА до него!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1941457/1/20


ЕДИНСТВО, за да ја постигнеме нашата цел-
ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!!!



Искрено ваш,
Alek Macedonian