Фантастична победа на Македонија против Грција

Day 1,383, 11:06 Published in North Macedonia North Macedonia by KralliMarko

Фантастична победа на Македонија против Грција


Со феноменална игра во текот на целиот натпревар кошаркарската репрезентација на Македонија успеа да ја победи репрезентацијата на Грција со резултат 72:58, и со тоа да си ги зголеми шансите за освојување на едно од местата кое водат во наредниот круг.

На овој натпревар видовме две различни лица на репрезентацијата, едно во првото и едно во второто полувреме.

Во првото полувреме шутот на македонските кошаркари не функционираше но затоа пак одбраната која ја игравме во тој момент беше маестрална. Една реномирана репрезентација како што е Грција, која важи за една од најдобрите во целиот свет, да постигне само 29 поени за едно полувреме и тоа со катастрофален шут од поле е тоа е постигнување со кое не може да се пофалат ни многу поголеми репрезентации од нашата.

Во тој период од играта кога нашите репрезентативци не беа расположени за постинување поени многу важно беше да не дозволиме противникот да се разигра и да направи разлика која подоцна ќе треба да се надополнува. Селекторот Докузовски многу добро ја простудирал играта на противникот па затоа Грците немаа лек за одбраната која што ја игравме против нив.

Второто полувреме помина во знакот на Меккејлеб и на нашата репрезентација. Меккејлеб во првото полувреме беше незабележителен во играта на нашата репрезентација па затоа и добра дел од втората четвртина ја преседе на клупата.

Но, само што започна второто полувреме се виде дека Меккејлеб, кој сите ние го знаеме и познаваме како еден од најдобрите бекови и поентери во Евролигата, ќе го има главниот збор на теренот и дека тоа ке биде долго и тешко полувреме за Грчката репрезентација.

Тоа и се случи, а играта на Меккејлеб делуваше заразно врз сите наши кошаркари па така сите се разиграа и почнаа да постигнуваат поени како сакаат и од каде сакаат.


На крај победа за Македонија против Грција со резултат 72:58, а тоа воедно е и наша втора победа во третиот натпревар на Евробаскетот со која си ги зголемивме шансите за пласман во следниот круг на натпреварувањето. Утре не очекува натпревар против Финска па да се надеваме дека нашата серија на добри резултати ќе ја продолжиме против нив и ќе оствариме уште една победа.