Личен став !

Day 1,370, 10:45 Published in North Macedonia North Macedonia by KepenciMKD

Како Претседател на Македонија од почетокот на мојот мандат до денес се обидувам да ја водам нашата едржава на правиот пат. Нашиот народ е исцрпен од многуте војни и востанија од сите страни. Денес добивме 7/10 ресурси со договорот со Саудиска Арабија. Народот ќе биде зајакнат со бонусот на државата, но разговарајќи со нашите најголеми тенкови, Шиме, Мудаш, Аексил, ПеџаT, сфатив дека нема да трошат веќе толку средства и мораат да намалат со тенкањето, односно го најавија своето отсуство следната недела. Да гледаме реално, без нив од 7/10 ресурси, за една недела ќе дојдевме на 3/10 ресурси со Главен Град Повардарие и кафез за натамошно ширење, што би го направило бесцелно нашето двомесечно тешко војување. Од друга страна, нашите сојузници имаат свои тешки фронтови, Србија има тешки востанија и војна со Романија, Турција потпиша договор со Бугарија, Шпанија почна да ги губи и оригиналните територии. Сумирано, ОНЕ сојузот нема да биде доволно способен да ни помага и ќе бидеме оставени сами на себе.

Договорот беше ПОСТИГНАТ денес но како што прочитавте од статијата МИР НЕ БЕШЕ потпишан туку само ставен референдум за гласање,доколку се потпишеше ќе траеше 15 дена, до моето заминување од оваа функција на 5 септември, со секако услов за натамошно продолжување, кое вие сами ќе процените дали ќе треба да биде усвоено со проценка на функционирањето на оваа спогодба овие 2 недели. Потребен ни е овој мир за да не ги изгубиме предностите што ги имаме денес. По завршувањето на договорот, сите наполнети и подготвени за нова војна, ќе одиме во поход да ја освоиме повторно цела еГрција и да ја прошириме нашата Македонија и подалеку од што беше во нашите најсјајни денови. Зошто сите вие заслужувате одмор пред обврските во септември.

Секако по реакциите на народот овој Договор е веќе отфрлен а поради желбата на народот за мое заминување оставам на Вас да одлучите,

Да живее Македонија !
Македонија на Македонците !