Пишуваме Кирилица!

Day 1,329, 09:59 Published in North Macedonia Serbia by North Tiger
Зошто кампања?

Затоа што народ без јазик и писмо – нема.
Затоа што кирилцата е официјалното писмо на Република Македонија.
Затоа што писмото е доказ на нашето колективно потекло и на индивидуалното определување.
Затоа што писмото е средство за просторна и временска комуникација.
Затоа што автентичниот дух на народот може да се изрази единствено со примена на автентичното писмо.
Затоа што според UNESCO, македонскиот јазик е еден од загрозените светски јазици.

Кому му е наменета?

На сите, зашто кирилицата е нашата прва љубoв, нашето прво писмо.
На младите генерации кои користат електронска комуникација.
На медиумите, да им укаже на убавината и применливоста на кирилицата.
На младите деловни луѓе, за да ја откријат убавината на кирилицата и да ја користат како свој идентитет.
Наменета им е на сите кои комуницираат преку писмото низ образованието, творештвото.

Цел на кампањата.

Да се укаже дека кирилицата е:
Убава и применлива.
Отмена, грациозна и прогресивна.
Читка и модерна.
Да поттикнеме повеќе да се користи секогаш и секаде кога е можно.
Да ја зачуваме со користење и да ја модернизираме.

ЗАШТО МАКЕДОНСКИ СЕ ПИШУВА СО КИРИЛИЦА.

Македонскиот литературен јазик е јужнословенски јазик со една од најстарите книжевно-јазички традиции. Јазикот го зачувавме. Да ја зачуваме и КИРИЛИЦАТА, зашто јазик без писмо нема.

И затоа велиме: ГО ЧУВАМ СВОЕТО!






еМакедонци... Го чуваме своето, ПИШУВАМЕ КИРИЛИЦА!




Туторијали за тие што незнаат како да пишуваат Кирилица:
Како да пишуваш кирилица на Windows XP
Како да пишуваш кирилица на Windows 7
Како да пишуваш кирилица на Linux/Ubuntu/Fedora
Како да пишуваш кирилица на Windows Vista
Како да пишуваш кирилица на Apple OS X Macintosh