Изнајмување на Западна Србија

Day 1,198, 14:17 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Здраво Македонци,

Иако веќе нашиот претседател Струмјанин објави некои општо работи околу изнајмувањето на Западна Србија како би Македонија добила железо, сепак и ние како Министерство за надворешни работи сакаме да се огласиме во врска со тоа малку подетално од вообичаеното.

Значи како што веќе видовте, договорено е Македонија преку Јужна Србија и Рашка да стигне до Западна Србија каде што Србија ќе ни дозволи рентање на регионот со цел како Македонија би добила регион богат со железо. Тоа значи побрз развиток на Македонската економија како и компаниите за железо, тоа значи дека приходите на државата ќе се зголемат за добар процент, тоа значи дека на фирмите за железо ќе им се отвори можност за поголем профит како и за поголема конкурентност со плати. Исто така и поефтино железо значи и можност за поефтини оружја, со што добиваат граѓаните.

Како што видовте, веќе е започната размената со објавувањето на војна на Србија и напаѓањето на Јужна Србија која за сега успешно ја водиме со резултат 7-0 и до сега нема никакви проблеми, и да се надеваме дека и така ќе заврши оваа битка. Исто така во текот на утрешниот ден очекувајте и напад на Рашка и следете ги инструкциите на Министерството за Одбрана колку да удирате, кога треба и слично.

Единствено Македонија што ќе мора е оваа рента да ја плаќа 150 злато месечно или МПП комплет + 50 злато, со што можам да кажам дека е цената е ниска во споредба за тоа колку Македонската економија ќе има корист од ова, и барем најмалку 3 пати вадење на парите дадени за рентата. Иако верувам можеше да издејствуваме да ни ја дадат и бесплатно, сепак подобро е кога немаш нерачистени сметки макар и со најверниот сојузник. И секако 150 злато не би требало да се проблем за нас ..

Со изнајмувањето на Западна Србија ни се отвараат на нас како држава поголеми можности, како што гледате соседството е доста интересно па ќе гледаме во иднина ако воопшто бидеме спремни да добиеме некаква корист. Исто така тука е и можноста случајно ако Црна Гора ни дозволи изнајмување на регион со риба иако за тоа ќе биде малце потешко оти не им е дупликат.

Само да напоменам бидејки се појавија некакви шпекулации демек Србија ни го пушта регионот како би Македонија прифатила членство на Грција во NWO.
Да се разбереме, прво алијансата воопшто сеуште не е формирана а друго нашите интереси и гордост не се за продавање и никое злато или регион не вреди за истото. Македонија целосно ќе ги брани и штити сопствените државни интереси.

Ве молиме како Министерство за надворешни работи само да ги следите наредбите на Министерството за Одбрана, да не кревате некакви востанија во овие региони што ќе ги окупираме од Србија и да оставите да надлежните да го спроведат договорениот план. Исто така и очекувајте деновиве завршен извештај во врска со сработеното мандатов, и каде ја оставивме Македонија на дипломатско поле.


Министерство за надворешни работи:
United Macedonia & Drashhh_III_Makedonski