Соопштенија за Армијата [ Претседател ]

Day 1,186, 10:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana



Почитувани еМакедонци,

Денес Ви пишувам од Армискиот весник, пред некој ден пишав од весникот на Министерство за економија, од Министерство за Информирање, па и од мојот личен весник. Само уште еден знак дека сум на праг да развијам Multiple Personality (не accounts) Disorder. Не било лесно да се води макар и виртуелна држава, како ли му е на Грујо само тој си знае 🙂

Нејсе, денес имам неколку соопштенија поврзани со Армијата...


1. Регуларна Армија


Двете единици на АРМ Лавови и Тигри работат под полна пареа. Редовно се организираат напади во сојузничките битки со цел војниците забрзано да напредуваат. Не се делат пари за бустери и нема да се делат се додека не добиеме константен прилив на злато. Црпењето злато од монетарниот пазар не доаѓа предвид. Затоа, војниците ќе напредуваат само преку редовните организирани удари.

Во моментот, бидејќи водиме општа политика на штедење и враќање на денарите во државната каса, не е предвидено да се прошируваат единициве или да се додава трета единица. И мене не ми е мило што имам мандат во кој морам да штедам, но тоа го налага моменталната економска ситуација.

„Вонредната” состојба која владееше заради недоразбирањата кои ги имавме – ја укинувам. Со тоа се враќам на мојот принцип на немешање на единиците во однос на бирање на својот командант. Претпоставувам дека лавовите ќе го изберат Слајдер, а Тигрите – Христијан Тасевски.


2. (Пара)воени организации


Еден Господ знае колку (пара)воени организации имаме. За да не биде веќе така – се воведува Регистар на македонски воени организации. Намерно го избегнувам терминот паравоени – бидејќи потсеќа на своеволна воена структура која делува противзаконски. Затоа и регистарот ќе го носи тоа име - Регистар на македонски воени организации.

Од секоја воена единица очекувам да испрати порака до Министерството (не лично до мене) која ќе ги содржи следниве информации:

- Име на воената единица
- Број на членови
- Листа на фирми (и кој вид)
- Линк од нивната група на http://www.egov4you.info/

Пораката ја очекувам до Недела. Ве молам да ги пратите сите потребни информации и да не ме прашувате како се формира група на овој вебсајт или на MaxiHellas или на било кој друг.

Така конечно ќе добиеме јасна слика колку воени единици функционираат во еМакедонија, со каква инфраструкура и слично. Потоа, врз база на критериумите: број на членови, средна сила и фирми – ќе се изработи ранг листа на сите воени единици во еМакедонија.


3. Предлог Долгорочна Стратегија за развој на АРМ


Минатата недела имавме состаноци со лидерите на воените организации во неколку наврати. Постепено, од сите дискусии – се оформува една слика во кој правец ците би сакале да се движиме. Тој правец го одредува оваа Стратегија. Далеку од тоа дека документот е изработен од мене – тоа е плод на широка дебата во која многу луѓе придонеле со свои идеи и предлози.

Бидејќи е од осетлива природа – документот го ставам на ФОРУМОТ – Ве молам таму давајте коментари во кој правец да се корегира и како.

Потсетувам! Овој документ е рамка кон која се стремиме. Кога ќе почне да се имплементира – зависи од буџетот со кој ќе располага државата. Важно е ние најпрво да го договориме тоа кон што ќе се стремиме, а потоа постепено и да го реализираме.



Со овие три соопштенија, сакам да Ве уверам дека сме еден чекор поблиску до создавање унифицирана армија. Тоа патешествие можеби ќе бара илјада чекори до финалната имплементација, но јас ќе има што да му оставам на наредниот Претседател во смисол на план за јакнење на АРМ. Тој план нормално е и да се менува и прилагодува, но најбитно од се е да се надоградува и еден ден конечно да се реализира.


Останете ми со 100 здравје!

Со почит,
Струмјанин