Повици за донирање и слични глупости

Day 1,156, 04:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker

Има една работа што многу ме нервира, а тоа е колективизмот. Слично на РЖ се пренесува и овде во еМакедонија. Што е целта, неколку луѓе да уживаат, а другите да бидат овци?



Ако е веќе така во РЖ, зошто да е исто и овде? Токму целта на играва е да се проба нешто поинакво. Под нешто поинакво не се подразбира само војна со соседите, туку целосна ментална промена.

Се изначитав повици, особено до новите играчи, каде се бара да го донираат златото за „поголеми цели“, за „доброто на народот“, „да ни биде на сите подобро“.

Абе алоооо, игра е ова и сите се тука за да им биде интересно.

Никој не сака да дреме на 13то ниво и никако да не се развива, додека некој друг прибира донации. Истото важи и обратно, зошто постарите да им донираат на новите? Ако направиле грешка, нека си ја искусат на свој грб. Вака само се учат/учиме дека по секое зезнување ќе има некој да нè вади од засраното. Да не спомнувам спамање по весници и chat со секакво мољакање за храна.



Секој нека си игра за себе, со своите пријатели. Така кога ќе треба да се помогне на еМакедонија, многу повеќе ќе нè има што ќе можеме навистина да влијаеме на нештата.


Тие што се сложуваат со напишаното слободно Subscribe, тие што не се сложуваат можат Vote. Па ќе ве преброиме заедно потоа.


Plainswalker




п.с. Секоја чест на нашите најдобри воини (знаете кои сте, да не ве именувам) кои добиваат донации од еМакедонија, така и треба, не за џабе плаќаме даноци.