Балканските Работи

Day 1,108, 05:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Wild O



Добар ден на сите, фин ден за постирање.

Од вчера сме влезени во почетокот на, според мене, втората* еБалканска војна.
Вчера еТурција го започна нападот врз еКипар, а секој ден се очекува некој од нашите непријателски настроени соседи да го направат својот прв потег на военото поле.
еТурција делува спремна, глатко ќе си го земат житото од еКипар. Несомнено како држава еТурција се силни и лесно ќе им оди обезбедувањето на еКипар а после тоа и зачувувањето. еТурција може да прераснат во нашиот најсилен и најзначаен сојузник. Сличното размислување во однос кон нашиот јужен сосед уште повеќе не зближи во оваа игра. Релацијата еМакедонија-еТурција не била поблиска никогаш.
Доколку не сте помогнале сеуште (не дека им треба некоја голема помош) тепајте се во еКипар.



Втората неизбежна учесничка во која било Балканска војна, нашиот источен сосед еБугарија, скоро и официјално ќе премине во ЕДЕН. Иако нивниот претседател пробуваше да го избегне овој потег, иако добиваа совети од рускиот претседател, и последно од Iain Keers, еБугарија после следниве еПретседателски избори и конечно ќе влезе во ЕДЕН. Ирелевантно кој ќе дојде на власт, според мене источниот сосед неизбежно ќе ни станe источниот непријател, барем еНепријател.
Ако имаме во предвид дека еПретседателските избори се на секој 5, а тоа е за три дена, тоа значи дека од 5ти ќе почнат и преговорите меѓу двата наши непријателски настроени соседи за евентуален напад. Дали ќе имаат каков било успех останува да видиме и да се погрижиме да немаат.



Сите држави во регионов ја чекаат таа прва Балканска војна (освен еСрбија, која и така си има проблеми со еРоманците и еХрватите), војна која може да значи повеќе популација на сите четири држави, па и eKипар на крај краева може да профитира.

*(иако за нас еМакедонците е прва, во еРеп е втора балканска војна, а ова е Првата

Create, Conquer, INSPIRE!