[КОНГРЕС] Соопштение до јавноста (02/03.01.2011) + ареа за дебата [UPDATE]

Day 1,140, 06:01 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Почитувани, 

Поради новогодишните празници, изминатите денови беа "неработни" односно немаше позначајни настани поради кои би се свикало седница. Активноста на Конгресот беше сведена на одобрување на државјанства и одговарање на испратени пораки до нас.

На ден недела, 02.01.2011та година, на гласање во Конгресот беа поднесени два закони:

1. Закон за донирање на 40.000 МКД од државната каса во НБРМ
Подносител: DedaNoe
Статус: ИЗГЛАСАН

2. Закон за воведување на трговско ембарго кон Грција
Подносител: United Macedonia
Статус: ИЗГЛАСАН

На ден понеделник, 03.01.2011та година, со цел да се заштити домашното производство конгресот по кратка дебата и добиено зелено светло од државното раководство одлучи да се зголеми данокот на увоз од 1% на 10% па на гласање во Конгресот се поднесуваат:

1. Измената на законот за такси: Зголемување на таксата за увоз на жито од 1% на 10%
Подносител: Fantomsky

2. Измената на законот за такси: Зголемување на таксата за увоз на камен од 1% на 10%
Подносител: Makedonec_1989

3. Измената на законот за такси: Зголемување на таксата за увоз на железо од 1% на 10%
Подносител: Palavko

Следува дискутирање и пуштање закони и за останатите суровини.

За поднесениве закони се дебатираше на закажаната конгресменска седница во 22.00h. Исто така, на овој артикал и вие почитувани можете да учествувате во дебатата за овој закон и да давате ваши предлози и идеи до Конгресот

ВЕ МОЛИМЕ АРТИКЛОВ ДА ГО КОРИСТИТЕ ЗА ДЕБАТА ОКОЛУ ПОСТАВЕНАТА ТЕМА А НЕ ЗА ЛИЧНИ ПРЕПУКУВАЊА!

Ваш
PhoenixMK, потпретседател на Конгресот