[003]Во Фокусот... ArMakedon

Day 1,200, 09:17 Published in North Macedonia North Macedonia by Alen_001

Во третиот број од иницијативата “Во Фокусот“ имаме чест дел од своето драгоцено време да посветиме на моментално најјаката паравоена единица во Македонија, единица во која членуваат познати политичари,успешни бизнисмени,читани новинари па и големи спамери 🙂

Соговорник ми е моменталниот командант на АрМакедон GokaGrozni!

Уживајте!


Oснивачи :
-Drashh_III_Makedonski, Macedonian_lion

Датум на формирање
-Декември 2010

Број на членови :
-30 + 8 регрути

Просечна сила :
-1921



Содржина
1.Историја
2.Уредување
3.Акции
4.Финансирање
5.Инсајдер (дел каде ќе бидат испитани членовите на единицата)



Историја

1.За почеток, ме интересира како настанала единицата,кои се мотивите заради која настанала и кои се првите членови кои стојат зад нејзиното формирање ?
-Иако како единица постоиме официјално од почетокот на декември, значи нешто повеќе од 3 месеци, целото знаење и структура како и членови се наследени од структурата на старата Македонска фаланга која беше во составот на Руската армија, каде прв лидер беше Мацедониан_Лион. Значи може да се каже дека основата постои од пред повеќе од година дена.

2.Зошто баш АрМакедон (името) и што симболизира вашиот аватар ?
-Зошто баш АрМакедон е најдобро опишано во песната на МИЗАР http://www.youtube.com/watch?v=dZ5akpOtVRg&feature=related ,
симболиката на едно ново воздигнување на македонецот со помош на силната вера во Господа.
Аватарот е спој на се она што претставува Македонија од памтивек до денес.Златниот антички штит со сонцето на Кутлеш носено од Англески крилја од кои излегува пламен симболизирајќи го македонскиот непокор, вечната борба за Македонија.Од тој непокор произлегува АрМакедон (воздигнувањето на Македонецот).Во долната основа од десната страна се наоѓа единствениот земски грб на Македонија двоопашестиот ЛАВ со кралската круна, додека лево се наоѓа крстот како симбол на верата.
Мора да се напомене дека Macedonian_lion е заслужен за името на организацијата, а аватарот е изработка на PhoenixMK, голема благодарност до нив двајцата.

Уредување

1.Како е распоредена хиерархијата во единицата ?
-Оваа е регулирано со уставот на АрМакедоните кој е составен од самите оснивачи и е прифатен со консензус, се почитуваат сите членови од уставот, од сите членови на организацијата.Таму хиерархијата е регулирана вака и веќе 3 месеци функционира вака
а.Лидер
- трезор
б.Лидери по оддели
-економски одел, економист
-- водење на фирмите
-- трезор
-политички оддел, политиколог
-- весник
-воен оддел, генерал
-- командант на 1-ва воена единица
-оддел регрутација
--регрутен лидер

2.Што е тоа што ја разликува Армакедон од другите единици ?
--Големата ударна моќ, сплотеноста, дисциплината, посветеноста како кон единицата така и кон еМакедонија.Карактеристично за нас е тоа што никогаш немаме класична регрутација.

3.Каква е вашата стратегија за развој на Армакедон и прераснување во голема Светска Сила?
-Имаме големи планови за во иднина како АрМакедон би го имала приматот на една од најсилните светски единици, но не можам да откривам детали, времето ќе покаже -)


Акции

1.Колку е единицата мобилна и спремна за акции ? Во случај на изненаден напад на Источна Македонија за колку минути Армакедон може да ги мобилизира своите членови и со колкава воена моќ располагате (колку дмг можете да направите)
--Да не излезе дека се фалам, мислам дека АрМакедон организацијата е најмобилната воена единица во еМакедонија, имено меѓусебно контактираме со помош на 5 медиуми ( Facebook-групата, Rizzon-нашиот канал, Skype-конференцијата, ПП на eMacedonia-форумот и нашиот сајт кој е во завршна фаза ) ако на сетто тоа ја додадеме и можноста на in game комуникацијата и тоа што скоро сите членови меѓусебно се познаваме во РЛ би рекол дека 15-20 минути би ни биле доволни за да се собереме во полн состав.
А што се однесува до силата моментално е 1762 средно.Најголемиот демиџ што го имаат направено АрМакедоните е 815 120- Day 1169 во присуство на 29 члена (извор http://www.egov4you.info/army/team/40) што значи сека доколку сега би пукале веројатно би имале штета од над 1 000 000 .Вториот извор за нашата сила е http://erep.maxihellas.com/citizens/perlist.aspx според кој нашата штета досега е приближна на сите останати паравоени формации заедно.

2.Имате ли некои документирани акции на Армакедон(снимени) ?
-Постои архива со слики од битките каде што сме учествивале, меѓутоа тоа е само за интерна употреба, се надевам дека во блиска иднина ке излезе и едно видео на YouTube каде би се презентирале во вистинско светло, тоа веќе подолго време се планира, да ја сочекаме следната војна...


Финансирање
1.Со каква инфраструктура располагате?
1.Со каква инфраструктура располагате?
Моемантално овие фирми се сопственост на АрМакедон организацијата
-Q5 тенкара во еСрбија
-Q3 лебара во еМакедонија
-Q1 карти во еТурција
-жито во еСрбија
-жито во еМакедонија
-железо во еМакедонија
Во вонредни ситуации, кога е потребно, поголем број на фирми кои се сопственост на самите членови се ставаат на располагање на организацијата.

2.Како се платени војниците во воените фирми (доколку работите во вф) ?
-Сите АрМакедони работат за минималец

3.Моментално како се финансирате и на што ги трошите вашите финансии најмногу ?
-Секој член на организацијата задолжително дава доброволна донација согласно просекот, тоа речиси сите членови го имаат изрегулирано, последниот податок вели дека просекот ни е 15,15 gold со тенденција на зголемување.Како дополнително финансирање би ја спомнал и штотуку завршената акција, донирање на РЖ-пари преку трансакциска сметка каде беа собрани средства за купување на голд.Q3 лебарата до пред некој ден играше важна улога во финансирањето, сега поучени од искуството со војната со еБугарија, главна намена на таа компанија е складирање на леб за воени ситуации.Моментално главниот товар за финансирање паѓа на Q5 фабриката за тенкови, таа го само-спонзорира производството, полека ама сигурно.И на крај да не ги заборавам македонските еГраѓани, кои со мали и скромни средства понекогаш не изненадуваат со своите донации, за што сме им благодарни.


Insider-Инсајдер (интервју со членовите на единицата)
Соговорник - PhoenixMK

1.Зошто и како влеговте во Армакедон ?
-Ме покани ко-основачот на АрМакедон, Драш III Македонски по предлог на играч чие што име до ден денес го кријат од мене како да е државна тајна (намерно ме измачуваат) 😃
Зошто?
Ме фасцинираше буквално се околу АрМакедон а особено на мојата одлука влијаеше и фактот што меѓу почетните членови беа присутни и неколку играчи кои ми се многу блиски во реалниот живот и играчи со кои имам контакт многу оддамна преку интернет.

2.Опишете ни ја атмосферата во единицата
-Треба да сте присутни на нашиот чет канал за да ја доловите вистинската атмосфера што ја правиме. Секогаш позитивни, дискутираме за секакви теми од рано наутро до рано навечер 🙂 а за некои работи и јавно си пишеме по весниците и сегашните еФејсбук статуси 🙂 Дека обожаваме да се шегуваме е факт и во никаков случај не им дозволуваме на злите јазици да ни ја нарушат хармонијата што владее во АрМакедон. После нас, ПОТОП!

3.Што би им препорачал на новите членови ?
-Квалитетот пред квантитетот! АрМакедон како воена единица која е независна од државата претставува симбол за организација, посветеност и сложност.
Можеби не сме најбројната единица но дефинитивно сме најквалитетна екипа составена од докажани постари и активно посветени помлади играчи. Силата кај нас не е примарна, туку тоа е довербата и волјата за напредок. Доколку ветувате односно ги поседувате сите квалитети кои треба да ги има еден АрМакедонец, очекувајте контакт 🙂 бидејки нашите надлежни за регрутација имаат око соколово за такви играчи.
п.с. бев “бебенце” старо едвај три недели и со околу 150 сила кога станав АрМакедонец а околу мене великани, живи легенди од играчи 🙂

Завршни зборови на Командантот...

Порака за крај :
-Смрт од вода, страв од потоп
Изградете кораб, изградете мост
и бидете спремни на жестока љубов.
Како на Оној, распнатиот на крст!

Мото на единицата :
-Блесава фраза, која со времето изгледа ни стана мото, После нас .. ПОТОП !!!