Кандидатура за ПП на ТМОРО - ВЕП

Day 2,216, 00:06 Published in North Macedonia Pakistan by Elektro.N

Почитувани Македонки и Македонци, членови на најголемата партија - ЗДРУЖЕНИЕ ТМОРО - ВЕП

Би сакал да ја објавам мојата кандидатура за Претседател на најголемото здружение - партија, ТМОРО - ВЕП. Не би сакал многу да должам, со статијава само сакам да ме запознаете тие што не ме знаете и да ви ги кажам моите најискрени намери.

Во оваа прилика би сакал да нагласам дека поддршка за ваквиот потег имам од целото раководство на ТМОРО - ВЕП, па во случајов се останува на вас драги членови.

Како што знаете, од своето основање па се до денес, ТМОРО ВЕП опстојува како здружение кое им помага на членовите колку што може и не може. Ги вложуваме сите напори да обезбедиме што е можно повеќе средства за поделби и со тоа ќе продолжиме и во иднина. Јас како Претседател на ТМОРО - ВЕП ќе се залагам за продолжување на поделбите, со желба и намера дека ќе станат уште почести и ќе се залагам за зголемување на бројот на членовите.
Во моментов ТМОРО - ВЕП прави поделби за своите членови секој втор ден, јас ветувам дека ќе се обидам да биде уште почесто.
Би сакал да нагласам дека ќе се залагам и за помагање на помладите членови и оние со помалку сила, бидејќи тие се нашата иднина.

Се надевам дека ќе имаме одлична соработка и пред се добра дружба.

Македонија вечна и обединета!!!

за Shout:
Кандидатура за ПП на ТМОРО - ВЕП
http://www.erepublik.com/mk/article/-1-2352074/1/20