МЗЗ Хороскоп
DarkAngelMKD
(во соработка со медицинскиот (епи)центар)
ОВЕН
Хигиената е половина здравје,зажал кај вас не е ниту четврт.
БИК
Со вас се е во ред,освен: срцето,бубрезите,крвните садови,крвните тенџериња и крвната рерна.
БЛИЗНАЦИ
Малку ве стега главата, но важно е да не ве стега умот.
СКОРПИЈА
Ако почувствувате дека сте болни,видете дали со чувствата ви е се во ред.
ЛАВ
Забите ви се сарма,а вие обожавате тавче гравче.
ДЕВИЦА
Здравјето можеше да ви биде како подмачкано да имавте пари да го подмачкувате.
ВАГА
Само вие пушете и мислете дека тоа е поздраво од дишењето!
РАК
Не е се така црно како што изгледа,се додека има русокоси.
СТРЕЛЕЦ
Вие сте непоправлив романтичар,секој ден читате по еден роман.
ЈАРЕЦ
Во просек јадете по еден лапбургер дневно,што е мошне здраво за оној што ги продава лапбургерите.
ВОДОЛИЈА
Немојте да пиете вода.Сум чул дека рибите во неа водат љубов.
РИБИ
Место да бакнувате женска што пуши,бакнете некој пепелник – исто ви се фаќа.
Comments
🙂
прва......добро е.....