И под окупација стенете посилни

Day 1,255, 09:06 Published in North Macedonia North Macedonia by VODACOT

За жал изгубивме еден дел од нашата еМАКЕДОНИЈА. Но место за разочарување нема, ова е игра, а окупацијата може да биде одлична можност МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ да станат ПОСИЛНИ, а нашите непријатели и окупатори послаби.

КАКО???

Најважниот ресурс во играва е златото, кое се заработува со многу трпение и време. Но окупацијата е одлична можност да го купуваме златото од Bугарија, со што таа ќе станува послаба, а МАКЕДОНЦИТЕ од окупираниот дел ПОЈАКИ.

Ги повикувам сите МАКЕДОНЦИ од окупираната територија да работат во Bугарските компании со минимум здравје (околу 20 и во никој случај да не употребуваат бустер), со заработените пари да купуваат само минимум производи за преживување, а со сите останати пари во истиот момент да купуваат злато. Златото сигурно ќе знаете да го употребите при повторното ослободување.

Уште нешто, МАКЕДОНЦИ од окупираниот дел, во никој случај не се борете зошто ке бидете на Бугарска страна.

За ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА !!!

Vote + Subscribe ... - бесплатно е !!!!