Како да се исполнат мисиите?

Day 1,206, 01:06 Published in North Macedonia North Macedonia by VODACOT

Вчера претеравме со борбите и денес немаме природен непријател ниту каде да се бориме. Дали некој размислува како да ги оствариме мисиите и повеќе да напредуваме. Дали селењето и барањето туѓо државјанство е единственото решение?

Гледаме дека Црна Гора е во војна со Италија и речиси сигурно ќе ја загуби, а ние имаме заедничка граница со Црна Гора. Во весниците исто така се пишуваше дека би било добро да навлеземе во Италија и да дрзиме региони со ресурси кои ги немаме.

Мислам дека најдобро решение е да ја прогласиме Црна Гора за природен непријател и брзо да дојдеме на границата со Италија. Потоа можеме да продолжиме да војуваме со Италија а да и ги вратиме регионите на Црна Гора.
За да не го загубиме пријателството со Црна Гора, добро би било ова претходно да се договори со Црногорците.

На овој начин ќе можеме да ги извршиме мисиите и да имаме поинтересна игра бидејќи ќе имаме со кого да војуваме.