Lions with triumphal return! [dado.MKD]

Day 2,432, 06:35 Published in North Macedonia North Macedonia by dado.MKD

Добар ден Македонци!



Something what FIBA write on their web site on english!

Поминаа 3 години од големиот историски успех на Македонската Кошаркарска Репрезентација. Полуфинале во Литванија, на чекор до врвот, на чекор до медал, но застана пред нас шампионот Шпанија.

Целиот пат на Македонската Репрезентација.
- Успеавме да загубиме од Црна Гора 70:65 во првиот натпревар, неправедно, но со исправени глави продолживме понатаму.
- Во вториот натпревар победивме тесно против Хрватска 78:76, па потоа дојде мечот на векот за нас, натпреварот со Грција, им одржавме лекција по кошарка на нашите троседи, со голема победа од 72:58!



- После тоа дојдоа и победите над Финска со 72:70 и победата над Босна и Херцеговина од 75:63.

Подоцна од првата група како првопласирани поминавме во следната фаза и бевме во група со Русија, Словенија, Грузија, Финска и троседите. Игравме неверојатно, ги изненадивме сите.

- Успеавме да ја победиме Грузија со 65:63, а најзласлужен беше нашиот Лестер Бо МеКејлеб, односно Бошко Мекејлебовски. Тој погоди за 2 поени низ целата одбрана успеа да пројде и да погоди за победа на Македонија.
- Лесно поминавме со Словенија со 68:59, а загубивме од Русија со 2 поени (63:61) во последните секунди, или така наречен „buzzer-beater“ поен на Сергеј Молња.

За првпат во историјата успеавме да стигнеме до нок-аут рундата....таму го изненадивме светот, ја победивме Литванија со 67:65 во четвртфиналето, со онаа незаборавлива ТРОЈКА на Владо Илиевски!

Познатата изрека на Влатче: „Леле луѓе што НАПРАВИВМЕ!“





Во полуфиналето, пред нас застана големата Шпанија. Се боревме до полувремето, успеавме да останеме резултатски во игра, но тоа е Шпанија, подоцна европскиот шампион, загубивме 92:80. Ни остана само уште нешто, да и се одмаздиме на Русија и да го освоиме третото место, борба за бронзата.

Се беше одлично водеме во целиот натпревар, на крај дојдовме до негатива, Дамјан Стојановски имаше чиста прилика сам пред кошот за да ни донесе продолжение од 5 минути, кога веќе Русите паднаа тоа ќе ни беше добредојдено, но во тие моменти тешко е да се игра и ние веќе му простивме, не успеа да погоди како да му се вкочани раката. Останавме поразени повторно овојпат за 4 поени 72:68.

МАКЕДОНИЈА СЛАВЕШЕ!









СЕПАК 4 МЕСТО БЕШЕ ДОВОЛНО ЗА НАС, БРАВО МОМЦИ НЕ НАПРАВИВТЕ ГОРДИ И ИСПИШАВТЕ ИСТОРИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗА НАС СЛУШНА ЦЕЛИОТ СВЕТ!

Останете ми поздравени,
ваш dado.MKD