Интервју со UNISTUVAC.MKD

Day 1,666, 16:58 Published in North Macedonia North Macedonia by ZecOrigins

Во моето ново интервју, второ по ред со големо задоволство и чест ќе ви го преставам еден од најважните луѓе за МНА,еден од моите најдобри другари а воедно и еден од најдобрите играчи во играва - UNISTUVAC.MKD. Најпрвин сакам да му се заблагодарам што прифати и ми ги одговори прашањата, кои за жал му беа тешки ( хехехе )

1.Кој е UNISTUVAC.MKD во реалниот живот ?

Уништувач - Во РЖ сум Александар Пешиќ од Скопје, оженет, татко на две прекрасни деца кои незнам како сеуште ме трпат 🙂

2.Зошто името UNISTUVAC.MKD ?

Унистувач - Па незнам баш, првите акаунти ми ги банираа поради моите глупости што не ги читам законите. Потоа знаејки ја играва го одбрав ова име бидејќи во тоа и се состои играва, војни, уништувања, препукувања и сите најлоши работи што ги содржи и реалниот живот.

3.Кога започна да играш ерепаблик и што те поттикна да играш?

Уништувач - Тоа беше еден ,,црн ден" пред 1 година и 7 месеци, имаше на Сител за играва и според мене тогаш беше и најголемиот бејби бум во еМакедонија.

4.Со кого од играва се спријатели ?

Уништувач - Па многу се сега да ги набројувам, но еве ке ги издвојам поважните : Ти на пример, dasbootmkd, skydestroyer, kokan p, bazocaro, Amnita Makedonecot, El Che G, Aexil Kong, ivan.aka.petok 😛, и многу други кои се надевам дека нема да се налутат што не ги спомнав, но секако не ги заобравам кои се.

5. Кога ќе слушнеш еРепаблик на што прво те потсетува ?

Уништувач - Искрено, се потсетувам на времето кое наместо да го поминувам со моите деца, јас го поминувам на играва, но затоа пак стекнав пријатели кои не верувам дека некогаш би ги запознал да не беше играва.

6. Доколку утре бидат избори за Претседател на еМакедонија на кого би му ја дале подршката?

Уништувач - Па искрено ретки се оние кои се способни да водат држава како што треба. Иако помладите играчи мислат дека тоа е навидум лесно и се способни за нешто такво, но обично грешат и се докажува спротивното, а онаа што им недостасува е искуство од РЕАЛНИОТ ЖИВОТ, трпението и смиреност кои се пресудни за оваа функција.

7.Што мислиш за моменталната состојба во еМакедонија ?

Уништувач - Па работите во последните месеци доста се оправија како на политички така и на економски и воен плат. За сето ова најзаслужни беа прецедателите на еМакедонија Шиме и Аексил. Меѓутоа најважното она најбитно што се случи е кога Ел Че ги соедини сите во едно братство, во кое владееја слогата и еднаквоста, тоа се докажа со помирувањето на воените единици АрМакедон и Панзер кои беа крвни непријатели се до почетокот на мандатот на Ел Че. Успеавме и покрај банираната НБРМ да не потклекнеме и да продолжиме со нападот со сите силе. Меѓутоа сега со новиот начин на војна само можам да кажам дека времето ќе покаже.Само криво ми е што не се договорија Аексил, ПедјаТ и Флаусино сите во исти месец да кандидираат па да се види кои се цареви на балканот, а со тоа и во светот.

8. До кога планираш да играш еРепаблик ?

Уништувач - Како што тргнала играва нема уште многу, осебено сега кога мојата единица застана на здрави нозе и се повеќе ми одзема време кое го немам, мислам дека е време и јас да отидам во дво-клик ( неколку пати во денот 🙂 ).

9. Што правиш кога не играш еРепаблик ?

Уништувач - Е тогаш се трудам да поминам што повеќе време со семејството, како и да ги завршам обврските кои секојдневно ми се натрупуваат поради играва. Обожавам да прошетам покрај кејот на Вардар, а и да возам велосипед. Спортот одамна сум го заборавил но се надевам дека ќе ја исправам таа неправда која ми ја нанесе Плато 🙂.

10.Има нешто што би го променил во играва кога би имал таква можност ?

Уништувач - Да, наместо тренинг со кликање би ставил сите да прават склекови и стомачни па малце да ги размрдаме луѓево се заборавија седеејќи на компјутерите.

11.Твојот најсреќен и твојот најтажен момент од играта ?

Уништувач - Најсреќни ми се овие моменти гледајќи го моето чедо МНА како станува една од топ 10 единици во еМакедонија, нешто за кое сонував од самиот почеток.
Додека најтажниот момент ми беше е кога двајца од моите верни соработници и заменици ги погуби чичко Плато 🙁 но не се секирајте тие воскреснаа 🙂

12.И за крај што сакаш да му порачаш на другите играчи на ерепублик?

Уништувач - Играва ниту ви дава леб, ниту ве прави појаки или пак попознати, затоа играјте ја како игра без нервози и навредувања. Според мене сите првиот пат се приклучивте во играва само за да и помогнете на еМакедонија ( добро и да тепаме Гејчишта ) така да неверувам дека денес нешто се променило. Кај мене ништо, а за кај вас не знам, затоа пратете ги наредбите и ударајте онаму каде што е потребно, и ако имате проблем со власта пак мавајте за еМакедонија, ниту ќе погрешите, ниту пак некој ќе ви се налути.


Слика од Мене да се знае кој сум 🙂


И мојата омилена слика кога јас бев бебе , а Шиме обичен борец 😛, ( бидејќи незнаев што е сс, па морав да сликам со телефонот) 🙂



За крај да му се заблагодарам и да му посакам се најдобро во играва но и во РЖ , и му благодарам што ми ја овозможи таа чест да му направам интервју по долго мое инсистирање (хехе) 😃

Поздрав,
ваш ZecOrigins.