ЧЕТВРТО ПРЕТСЕДАТЕЛСКО ОБРАЌАЊЕ [UNISTUVAC MKD]

Day 2,893, 15:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добровечер напатен МАКЕДОНСКИ народе. Измина некое време од кога ви се обратив последен пат. Тогаш ви кажав дека треба да се потпише МПП со Србија, но како што гледате ништо од тоа не бидна. Реакциите кои настанаа после тоа беа катастрофани, како по обичај МАКЕДОНСКИОТ народ се подели, едни ме подржаа, други маваа со камења по мене, трети ме напуштија ! Точно е дека се сложив за МППто и дека можеби избрзав, но што е тука е, се обидов и не успеав но сепак останав на нозе, да неречам може и се отворија некои карти помеѓу нас и сојузниците кои не беа решени, но барем сега се обидуваме сето тоа да го решиме. Него да не забегувам многу, и да се вратам на поентата што ми беше. Сите ја гледате ситуацијата на военото поле и гледате дека Србија е избришана, НО работата не е кога ќе се врати и како, ТУКУ зошто е избришана. Како што гледате по шаути они во моментов се премногу раскарани меѓју себе. Не за џабе рекле старите " РАЗДЕЛИ ПА ВЛАДАЈ " ! Сами си го направија ова, погледнете ги нивните штети кои биле, а кои се сега. Едни пукаат кај треба, додека други пукаат кај сакаат и маваат сеир. Додека е така, нема да ги биде, затоа пробајте за разлика научете понекогаш на туѓите грешки, а не на свој грб ! Сите видовме колку можеме и колку сме моќни ако сакаме. НО СЕТО ТОА Е САМО АКО СМЕ СЛОЖНИ И ГО САКАМЕ ИСТОТО СИТЕ ЗАЕДНО СПЛОТЕНИ !!! Затоа останете ми сплотени и понатака и без кавги ве молам, не е битно дали ќе се потпише некој МПП или НАП или нема ништо од тоа да биде, НАЈБИТНА Е СЛОГАТА !!!

МАКЕДОНЦИ
СЛОЖНИ И ЕДИНСТВЕНИ СМЕ НЕЗАПИРЛИВИ