МАКРО ЕКОНОМИЈА [TUTORIAL]

Day 1,078, 10:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot
Каква е макро-економијата на еМакедонија и кои се можностите за развој на нашата економија?

Економијата на нашата земја зависи од работата на компаниите во еМакедонија и од Даночната политика на нашето раководство во креирањето на Макро Економската политика. Колку даноци ќе собира Републиката зависи од економската активност на фирмите кои работат во неа, од побрувачката и потрошувачката на нашите граѓани и најпосле од извозот.

Фирмите во играва можат да се бават само со два типа на активности:
1. екслопатација на суровини (жито, камен, железо, титаниум и нафта) и
2. индустрија (готови производи) (храна, куќи, оружје, болници, билети...)

Ако ја анализираме територијата на еМакедонија ќе видиме дека имаме 3 Региони на кои “Господ“ (читај администраторот) ни дарил два од петте суровини во играва и тоа:
1. камен и тоа во high (големи) количини во Источна Македонија и
2. железо во medium (средни) количини во Западна Македонија
3. останатите суровини: жито, нафта и титаниум ги имаме во low (мали) количини односно ги НЕМАМЕ и не можеме да ги експлоатираме воопшто па мора да ги увезуваме од надвор ако сакаме да ги користиме.

Ова значи дека Макро Економијата на Македонија и бизнисот во неа треба да се потпира НАЈМНОГУ на каменот и железото како стратешки суровини. Или едноставно кажано треба да се форсира користењето на овие две суровини при производството на нашите Македонски фирми и при купувањето на нашите граѓани - Македонци. Тоа значи дека треба:

1. да се експлоатира камен од Источна Македонија и да се користи во индустријата за куќи, болници и одбрамбени системи.
-Тука е корисно да се апелира до сите Македонци да користат што е можно повеќе куќи наместо храна бидејќи за храната увазуваме жито бидејќи немаме свое а за куќите имаме и повеќе од доволно камења.
2. да се експлоатира железото од Западна Македонија и да се користи во индустријата за производство на пушки и тенкови.
-Тука е корисно да се апелира (посебно до новите играчи) да тренираат пушка или тенк бидејќи за авиони и артилерија треба да увезуваме титаниум бидејќи немаме свој а за пушки и тенкови имаме сосема доволно железо.

Значи да сумирам: Макро-Економската стратегија за развој на Македонија во овој момент треба да се сведе на експолатација на камен и железо и развивање на индустријат поврзана со тие ресурси - за куќи, болници, одбрамбени системи, тенкови и пушки.

Краткорочно, Републиката преку Законите треба да створи клима да се развиваат овие два сектора а граѓаните треба да бидат свесни и да користат домашни прозиводи за да се намали увозот, зависноста од него и најбитно ОДЛИВОТ на злато од државава.
А долгорочно да се развива бизнисот со камен, индустријата со куќи, болници и одбрамбени системи како извозна гранка која ќе ДОНЕСЕ злато во еМакедонија!


ВО НАРЕДНИОТ БРОЈ “МИКРО ЕКОНОМИЈА“ [туторијал за почнување бизнис] ... до тогаш - за наше добро КУПУВАЈТЕ ДОМАШНИ ПРОИЗВОДИ !!!