Изгубена љубов [TashaMKD]

Day 1,815, 06:09 Published in North Macedonia North Macedonia by TashaMKD

[img][/img]

Изгубена љубов

Кога некој се откажал од тебе... не труди се да бидеш дел од неговиот живот. Залудно е! Така само го застануваш својот часовник... своето време. Не барај пукнатина за да се вратиш онаму каде што нема место за тебе. Разбери!И големите бродови потонале од мали пукнатини... Не чекај.. земи го перото во рака и запиши ги спомените во книгата на минатото. Крени ја главата и продолжи без да ги гледаш препреките пред тебе. Тој што те отстранил од својот живот, само што го изгубил Тронот! Зацртај си пред себе долга патека за одење и чекори слободно без колебање кон својата Иднина. Не дозволувај твојата Интелигенција... Умешност и Креативност да ги има некој, што едно мисли а друго зборува... таквите само ќе те заведат, а потоа ќе те повредат! Сакај се себеси ... зашто само самиот себеси можеш да бидеш Сонце кое ќе си го осветли патот наречен живот. И од сега запомни! Давај го само оној дел од тебе,кој нема да те боли кога ќе те остават сам под Месечината..Не давај го своето срце никому,зашто тој дел од телото,ако го повредиш никогаш не ќе можеш да го излечиш... Тој што те оставил веројатно бил скитник...кој навикнал да се сели како Ластовиците... од едно во друго срце... Пушти го нека заскита и нека се изгуби во далечината низ калдрмата наречена Пропаст...