Воено - Економска Стратегија (SaveAss)

Day 2,240, 12:46 Published in Serbia North Macedonia by SaveAss

Почитувани,
некако почнува да не демне секојдневие за кое треба да најдеме решение. Имено проблемот е во финансиите на еМакедонија, како што знаете истите се заробени и недоволни за да функционираме и да се бориме. Следствено сакав да го дадам моето гледиште на проблемот. Од утре почнуваат РЖ обврски т.ш. денеска ми е последната шанса за ваков текст.

- Мораме да бидеме трпелливи и да се ослободиме ИСКЛУЧИВО за време на изборите за конгрес (кои и да бидат тие), најверојатно оние следниот месец се најоптимални во однос на бонусот за ослободување и нашите сили односно оние после нив доколку тоа не ни успее овој пат. Исто така важно е да ослободуваме регион по регион / месечно, и така да пробаме да одржиме конгрес со еден регион / месечно. Теоретски е возможно.

- Сите пари од НБРМ да ги вложиме во производство, налик државните тенкари. Тука напоменувам дека не мора да станува збор за тенкари него за фирми кои долгорочно ќе носат приходи дополнително на даночните примања. Знам дека ROI на вакви инвестиции е големо, но колку толку ќе има нешто пари со кои ќе можеме нешто да направиме, макар и немале слободни региони. Ова е малку деликатен проект поучен од минатото и тролањето, но она што тогаш се направи и денес се користи и и’ служи на еМакедонија. Само треба правилно да се избере. Овој процес мора да продолжи и во иднина затоа што како што гледаме, сојузите следствено и нашата сила се менува.

- Времето за ослободување да биде координирано и да бидеме спремни ако треба и од сопствени средства да стегнеме сили за да имаме оружје и пари (со евентуално ветување за компензација ако се ослободиме). Треба да почнеме да штедиме уште веднаш, зашто моментално Грција е голем предизвик. Сите Македонци треба да бидат информирани и спремни најмалку 3 дена пред да почне револуцијата.

- Да се направи стратегија со даноците, пред истекот на мандатот да се променат даноците во неповолни за да се оневозможи траен бенефит од окупацијата, дополнително добро е еден данок да биде 0% (ако е возможно) што би придонело и многу трговци и платеници да сакаат Македонија да остане слободна. Нормално за ова треба да имаме здрави кандидати за конгресмени – нешто што ме плаши најмногу.

Секако ова е мое теоретско гледиште на работите кои ни се случуваат, а тоа е целосна имобилизација – кома. Среќен би бил да искоментираме заедно околу ваши предлози зашто ако ништо друго имаме паметни луѓе со уникатни идеи.

со почит,
SaveAss