Трета година еРеп (SaveAss)

Day 2,236, 20:23 Published in Serbia North Macedonia by SaveAss

Помина побајаги време, едно 3 години, како дојдов до сознание за оваа игра, Не беше преку телевизија или слично, него ме покани еден пријател.

Не бев дел од создавањето на еМакедонија, впрочем ретко кој од сегашниве играчи сеуште датира од тоа време. Сакав да направам ретроспектива на играва и за тоа како народот свесно или несвесно еволуира.

Најпрво создавањето на еМакедонија - дефинитивно пресврт во играва. Верувам дека од кој било аспек ова претставува пресврт кој нема да се повтори.

Потоа се некако тргна надоле од она што јас паметам:
- Каналот еМкд каде постојано некој гледаше да дели правдина и да банира ко малтене дома да му дошле. (после првите 2 месеци тој канал за мене не постои)
- АрАмиите со нивното славно владеење(сето тоа отиде во неповрат или е банирано)
- Товарите злато исплатени за турците за да тенкаат
- Товарите валута изгорени во Турција
- Уништувањето на државните армии и тенкари
- Можеби многу нема да се сложат но тука би го ставил и ударот кој се плаќаше
- Плаќањето за гласови за конгресмен
- Контролата на македонскиот маркет, даноците и неажурност
- Отстапувањето на Апулија на Србија
- Платеничко однесување на извесни структури во МКД

На крај останува дека „фетишот“ има краткотрајна стимулација после што или голем дел од пријателите или самиот ти се откажуваш од играва - небаре била досадна.
Па нормано е дека кога се однесуваш исто ко у РЖ дека и тука ќе се рефлектира твојата РЖ околина - т.е. станува досадно.

Ако сакаме да има еМакедонија - следствено и Македонија мораме да научиме да настапуваме организирано за заеднички социјален интерес.
Однапред е јасно дека тоа нема да им се допадне на многумина, ама дали ви е убаво сега?

Можеби се сеќавате кога зборев за коалиција меѓу Албанија, Црна Гора и Македонија своевремено и дека Србија не ни е пријател. Можеби не бев прав во изборот, но тоа беше едо од решенијата на денешнава ситуација кои се гледаа на хоризонтот.

Не сум најпаметен и не потценувам никого, но никој сам нема да ја врати еМакедонија.

Јас не сум тука заради играва, тука сум заради Македонија и можноста што ја дава играва за бенефит во РЖ од истата. Игра како игра не е некој голем предизвик, предизвик е она што таа го рефлектира во РЖ.

Среќни празници и воедно 3 годишно дружење.
SaveAss

п.с. пред некој ден избришав 780мртви пријатели и ми останаа околу 850.