Раздели па владеј [SaveAss]

Day 2,002, 08:00 Published in Serbia North Macedonia by SaveAss

Здраво Македонијо!

многу одамна не сум напишал статија и да ви кажам искрено подобро ми е така, сепак гледам дека Платинестиот со златна треска има нова тактика па решив да ви воочам малку пред да се „испоколете“.

До сега имаше мисии кои беа насочени кон индивидуалецот и се’ зависеше од тоа како ќе се покажеш сам.
Во последно време работите се сменија.
Имавме мисија со рудник, потоа некои чудни мисии за BH и CH и еве ова најновово чудо со MU.

Да си бидеме реални сите знаеме дека не сме најјаките, дека не сме нај сложните, па и дека не сме од оние со „крстот на чело“.

Поентата во мисијава е многу јасна: Или сите заедно ќе се сложиме и ќе отидеме во една единица (освен оние кои тоа неможат да го направат) и ќе покажеме единство кое нема да биде заради наградите, зашто знаеме дека кога и да е некој од нашите ќе ја заебе работата или воопшто нема ни да се трудиме.

И во двата случаи никој нема да биде крив, криви ќе има исклучиво во случаите каде и’ покрај одлуката на мнозинството одредени изроди ќе почнат да прават девијации на темата.

Уште еднаш апел до сите оние кои заборавиле зашто воопшто и се најавиле на играва! Сетете се дека тоа не бил Платинестиот или златото или силата на вашиот лик, тоа била Македонија. Значи не еМакедонија, него вашата желба да покажете дека Македонија може да биде подобра.
Барем тоа е причината заради која јас сум тука.

со почит,
SaveAss