Претседателска Агенда [SaveAss]

Day 1,624, 11:41 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss


Македонци! о7


За прв пат Македонија има достојна и аргументирана кандидатура, кандидатура која сака да покаже квалитет, да ја покаже тежината на медалата Country President .

Сепак тука сме да дадеме опции, народот да избере што сака, останатите треба да се обединат зад таа програма во наредниот месец, да почнеме со малку историја:

„Alexander had already made more plans prior to his death for military and mercantile expansions into the Arabian peninsula, after which he was to turn his armies to the west (Carthage, Rome and the Iberian Peninsula)“ (Link)

Иако не сум љубител на историјата, сепак сакам да влечам поуки од нејзините „лекции“, сакам да го продолжиме планот на Александар, таму каде тој застанал.

Да одиме кон запад!



Моите цели се обоени со Црно примарни и Жолто секундарни) или вкупно 10/10 ресурси. Останатите региони означени со бело се нестратешки битки односно Црвено и Зелено патишта кон крајната цел. Мислам дека секој лесно ќе се снајде со мапата. Прашања и критики знам дека има многу, но пред се' ќе вве прашам: Дали сте спремни да се обединиме зад оваа идеја?
Зошто не Исток?
Бугарија, Русија и Индија сакаат своја игра, своја доминација, тие се наши сојузници и сакаме да ги испочитуваме достојно на нивните заложби, да се бориме рамо до рамо зашто се достојни да се борат со нас како и ние со нив. о7
Таму ќе бидеме политички присутни, таму ќе имаме свои интереси, но ќе ги почитуваме нивните.

Зошто не Исток?
На Запад имаме само една сериозна пречка до 10/10, на Запад им помагаме на Унгарија, Шпанија, Англија и' пркосиме на Америка. Дојде време за Win Win стратегија.

Ова треба да ни обезбеди вкупен пораст на проиводството од најмалку 20%, ова ќе не' направи атрактивна дестинација за сите оружари на ONE MUs ова ќе ни го зголеми населението и ќе не направи примат во битките на ONE, зашто на секој сојуз му треба 10/10 план односно 8/10 без многу мака и труд. Тука треба да му помогнме на ONE и себе си.

Грција – никогаш нема да стане наш пријател освен кога е зелено обоена 🙂 Таа е и треба да остане трн во око на секој Македонец.



Сепак за овој амбициозен план потребна е поддршка и промена кај секој од вас.


Реформи во армијата:


Што сме ние? Банди? Платеници? Потчинети? Олигарси? Јас мислам дека сме Македонци! Јас мислам дека сме страв и трепет на бојното поле и дека СИТЕ дојдовме тука за Македонија.

Затоа барам поддршка за реформи од секој Македонец.

Организација на армијата во 4 дивизии:



Дивизија 1 (од 2.500 до 9.000 сила)


Воена единица Удар 1, Воена единица Удар 2, Воена единица Удар 3, Воена единица Удар 4

Согласно каналот на кој се логирате и сега. Ова е бункерот на Македонија кој ќе остане непробиен. Секоја Воена единица (Military Unit) ќе има командант т.е. MoD, полк (regiment) ќе си има капетан кој ќе го изберат членовите, некој нивни, некој што е достоен да ги води. Дополнително командантот ќе има и заменик со кој ќе се менуваат (само назначуваат) во согласност со нивните РЖ активности.

Неделна поделба на храна од макс. 2.000 здравје по војник, рефунд и/или поделба на тенкови зависно од приоритетите.
Околу 20% поголем рефунд од досегашниот.
Секоја базука испукана по наредба 2 тенка.




Дивизија 2 (до 2.500 сила)



Воена единица Бебиња (базука тим)

Ова е Македонската лесна војска опремена со лесна опрема но сепак клучна во востанијата. Ел Че покажа дека само грст бебиња можат да удрат многу јако и да го изедат противникот, што можат сите заедно?
Двајца командири и капетани кои ќе имаат тешка задача – ова е иднината на Македонија!

Бебињата ќе бидат обезбедени со храна 1.000 здравје дневно – доколку е оправдано со број на убиства.
Исто така секоја испукана базука ќе им се плаќа 0.035 голд нормално испукана по наредба.





Дивизија 3 (над 9.000 сила)

Ова е Елитата

Тоа се неколку дузини на почитувани и докажани борци. Тоа е коњаницата на Македонија. Тие треба да удрат и да го смрзнат срцето на непријателот, да ја мотивираат војската.

Тенкови и храна

Сами си бираат Командант и Капетан кои се достојни за честа.





Дивизија 4 (Останати Воена единици и цивили)


Се повикуваат на удар каде им се дели до 50% тенкови од здравјето за пукање согласно наложените услови.
Секоја базука испукана по наредба 1 тенк
Се даваат препораки за дневна наредба, но нема да им се меша во независноста.



Новина ќе биде ПРЦ тимот:

Нашите тенкови ќе ги ловат сите оние кои трчаат по БХ медала без приота да побараат дозвола. Во битки кога е неопходно целосно фокусирање на Македонија, ќе ја жртвуваме и битката ако треба, но ова дезертерство нема да се почитува.

Дополнително војникот ќе биде казнен со исклучување од рефунд 2 недели односно со исклучување на 3 месеци ако се случи тоа повторно.

Доколку сите сме примерни, ќе имаат можност да ни се придружат во битките и заедно да напредуваме на бојните полиња.

Казните на Државата ќе бидат строги и ќе важат за СИТЕ без исклучок, зашто тука сите ќе бидеме еднакви во Победите, Поразите и Правилата.

За ова секако оставам простор самите да се согласат.




Надворешна политика во кратки црти:

Од Црна Гора ќе биде побарано да ни помогне во нашата намера, ќе се понуди соработка и поддршка од наша страна. Намалување на даноците на двете земји за да се зголеми трговската размена помеѓу нас. Во последните 2 месеци тешко се снаоѓаат со Босна т.ш. Нема што многу да загубат, а има многу што да добијат.

Други земји од ONE зоната и земји пријатели на Македонија ќе бидат поканети да учествуваат во оваа економска заедница. Големи напори ќе се вложат во земјите каде Македонците имаат лиценци.

Шпанија и онака се има откажано од регионите кон кои целиме, вака барем ќе им го вратиме достоинството кое го загубија.

Комуникација со Србија и Бугарија и координација во активностите.

Економска редундантност, да створиме оптимални услови за да имаме ресурси колку што треба и да имаме постојаност во нив.




Информации:

Информациите се најважен дел на транспарентноста и на довербата, сите тие ќе ви бидат достапни на дневно ниво. Министерството за инфорамции ќе се сели во секое министерство посебно, за да има известување за сите дневни и неделни случување (зависно од ресорот).




Внатрешна политика:

Устав, ќе направиме рамка, кои сме и како ние ја гледаме нашата еМакедонија

Внатрешната политика исто така ќе претрпи промени:




Конгресот (од наредните избори) исто така ќе биде важен во внатрешната политика на Македонија. Средствата за буџет кои се наменети за Елитната дивизија ќе бидат префрлани на конгресот. Со други зборови конгресот ќе располага со буџет од кој ќе се делат средствата за Елитната единица. Затоа секој кандидат ќе треба да побара поддршка од двајца членови на елитната дивизија на Македонија.

Тоа ќе биде репер за квалитетот на кандидатот. Секој кој ќе побара поддршка од граѓаните надвор од оваа процедура ќе ги изгуби привилегиите во рефунд системот, тој што ја одобрил кандидатурата за ваков кандидат ќе биде исто така казнет.

Казната ја одредуваат Претседателот и Командантот на Елитната дивизија, а ја потврдува Капетанот на Елитната дивизија доколку има несогласување.

Законите и стратегиите ќе бидат носени со аргументи за и против, за нив ќе се бара согласност од конгресот, но во склоп на програмата која ја поддржал народот.

Во кратки црти ова е начинот на кој ќе се врати достоинството во домот на конгресмените.




Да се обединиме по нашите доблести!

SaveAss за претседател!