[sarmetina] Ова е последниот BabyBoom

Day 1,740, 12:11 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina

Денеска оние што не беа преокупирани со изборите можеа да видат дека се обидов да донесам нови играчи преку статија на моите сајтови.
Ако се има предвид дека претходниот пат, пристигнаа околу 200+ нови играчи, ова денеска се помалку од 20 може да се нарече фијаско.
Денеска сфатив колку на најголем број еМакедонци им е важно да добиеме прилив на нови играчи и оттаму, извлеков заклучок, дека повеќе нема потреба да се прават Бејби Бум акции.

Додека спукав повеќе од 30 шаути да се шерува линкот на Фејсбук најголем дел од играчите беа преокупирани со тоа, колку пари да го продадат мочаниот глас, колку пари да дадат за гласот на другиот и како да си го стават гзот на посраното конгремсенско столче.

Денеска ми стана јасно дека сум бил тотално во право што повеќе од 1 година, НЕ сум гласал за ниту еден од копиљациве кои се што сакаат е на профилот да имаат еден медал повеќе.

Затоа, би Ве замолил во иднина да не ме замарате со тоа дека ни требаат нови играчи, бидејќи за тоа сите се интересират само ради-реда.

Не сакам да слушам муабети за патриоти и „изгорени“ за Македонија бидјеќи голем број играчи денеска ја пропуштија шансата да докажат колку се подготвени да направат за својата еземја.

Се што требаше беше што е можно повеќе пати да се сподели овој линк на ФБ и на сите други социјални мрежи
http://press24.mk/story/erepublik/stani-del-od-makedonskata-imperija-koja-caruva-vo-evropa

Ако се провери статстиката, повеќе од јасно е зошто, овој пат немаме нови играчи.
На претходната акција, веста на мојот сајт (според Google Analytics) ја прочитаа околу 9500 луѓе. Денеска оваа бројка е скромни 1000 прегледи.

На крајот станува јасно дека целата „организирана“ Македонска Империја се руши пред желбата да се влезе во Конгресот, каде БТВ половина од клошараната и не ни сфаќаат дека тоа е многу повеќе обврска отколку чалам.

Ако се знае дека во последно време пишувам по еден артикл на 3 месеци, можете да замислите колкав е револтот што го чувствувам сега.

И за сите оние што ми испратија пораки дека ќе ми дале 10 тенка, не знам колку злато и денари, уште еднаш да им кажам да не замараат бидејќи НЕ ГЛАСАМ НА ИЗБОРИ