Мажи, земете воздух: Адриана Лима топлес за новиот календар на Pirelli

Day 2,557, 05:25 Published in North Macedonia North Macedonia by XXXander
Бразилската убавица се соблече за новиот календар на Pirelli. Погледнете ги нејзините фотографии, кои несомнено ќе ве „загреат“ во овие студени денови.

Годишниот календар на Pirelli за идната 2015-та година ќе го прослави своето педесетто издание, а деновиве беше претставен во градот на модата - Милано. За разлика од минатогодишното издание во кое моделите беа речиси голи, оваа година девојките се делумно облечени, но секако во провокативни костими.

Во него се појавуваат 12 супермодели со кожни додатоци во фетиш стил, односно ќе може да ги видиме Андријана Лима, Наталија Воданова, Џоан Смолс, Кендис Хафи, Каролин Марфи, Aнна Еверс, Камерон Расел, Саша Лус, Карен Елсон, Изабел Фонтана, Џиџи Адид и Ракел Цимерман.

За стајлингот на девојките била одговорна поранешната уредничка на италијанскиот Vogue магазин, Карин Поитфелд.

Овој пат ви претставуваме фотографии од снимањето за овој календар од неодоливата бразилска убавица Адриана Лима. Уживајте!