Интервју со Phantom MKD [Anonymous]

Day 2,636, 11:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Anonymous.MKD85







1.Што ве натера повторно да се кандидирате за ЦП?
-Поради можност и слободното време кое секогаш го имам кога е месец фебруари во прашање се кандидирав за ЦП. Како мотив најголем ми беше тоа што никој во еМакедонија немаше достигнато ниво на 4 пати претседател, но и тоа што сакам да помогнам да се активира македонската заедница и да се дружиме сите, бидејќи за тоа сме дојдени.

2.Какви се плановите за оригиналните територии?
-Во врска со оригиналните региони планирам да има секојдневен пресинг. Со тоа грците ќе ги трошиме а и ние ќе бидеме активни.
3.Дали планирате АS?
-Не планирам АС, Македонија нема пари за таква работа. А и мислам дека тоа не ни треба бидејќи македонија доволно време ги избегнува орегионите оригинални а грција ужива во нив.

4.Имате ли некоја идеја за некои играчи?
-Во врска со новите играчи, мислам дека можат почесто а и треба почесто да учествуваат во политиката и да се пријавуваат да помагаат во мандати и на тој начин да стекнат некое искуство

5.Што мислите кој е најголемиот "хендикеп" за еМакедонија во ситуацијава?
-Мислам дека најголем хендикеп е тоа што играчите влегуваат во дво-клик и заради тоа македонија ја губи активноста и дмг и полека тонемем, а активните играчи бараат излез во активните земји и ја напуштаат државата.

6.Можеби некои нови МПП-а?
-Па сеа засеа сум во контакт со некои земји па ќе видиме дали нешто ќе испадне, како и да е ќе пробаме да донесиме некое ново МПП.

7.Пред некој месец беше извршен организиран притисок врз Гејците каде потрошија многу пари. Кои се вашите очекувања врз ова или ќе ги оставиме и овај месец да собираат пари од нас?
-Мислам дека овој месец грците ќе се трошат доста, но сепак не може да се постигне максимумот како нападот од Аурора кој беше организиран од Дон Кроата.

8.Која е вашата тајна за успешен мандат?
-Седење по 16 часа на нет, доста слободно време и секако организација на сите работи. Запомнете никој нема да ги реши работите за вас ако вие тоа не го правите.
Затоа преседателот мора прв да ги решава работите, а не да чека на другите.
Тешко е да бидите претседател затоа што мора активни да сте, да водите.. јас тоа успеав да го сторам 3 пати а сега ќе пробам и по 4 пат.

9.И за крај, што им препорачувате на играчите во теков на овој мандат?
-Да се дружиме, да бидеме активни и да им правиме што поголеми проблеми на грците. Пукајте бидејќи тоа се наши територии, а не нивни.




Останете ми поздравени,
Анонимоус!