Кандидатура за Претседател на е-Македонија [ORIGINAL MKD]

Day 2,233, 02:55 Published in North Macedonia North Macedonia by ORIGINAL MKD

Поздрав другови и другарице .

Со оваа моја статија официјално ја објавувам мојата кандидатура за Претседател на е-Македонија.

Би ги изнесол само главните причини поради што решив да се кандидирам за Претседател , а целата платформа и тимот кои што ќе стои зад мене ќе бидат дополнително објавени .

Искрено играва почнав да ја играм поради еден мој пријател кои што ми ја објасни и од тогаш па се до денес , еве веќе 4 години сум на играва . Бев сведок на многу големи подеми и падови на нашата ни земја која што знаела да биде и голема Империја но и избришена од мапата на подолго време .

Ја знаете нашата сегашна ситуација . Голем број на откажани борци , 2 - кликаши , преселници , платеници па и незаинтересирани личности . Не сум тука за да ви солам памет дека ќе ја вратам Македонија уште одма на 5/10 ресурси или па дека секоја битка ќе биде победничка за нас , или дека ќе пробам да ги соберам сите е-Македонци на едно место . Сите знаеме дека тоа не е можно во оваа ситуација .

Само знам дека ќе се залагам за едно нешто што според мене е главна причина поради која што е-Македонија долго време е без ресурси а тоа е Надворешната политика .Ќе се залагам да ја вратам почитта , подршката и вербата која што ја имаа нашите долго заборавени сојузници не така многу оддамна во нас.
Решен сум и ако треба ќе се залагам и дополнително и во уште еден мандат ако се бара тоа од мене . Не мислам дека е лесно , но не е ни невозможно тоа да се оствари.

Не би сакал да должам повеќе , само би додал нешто.
if you don't believe you won't achieve

Се надевам дека ќе гласате за мене и дека ќе ми дадете можност да пробам да го реализирам тоа што го имам замислено .





Поздрав:
ORIGINAL MKD