Трето Претседателско Обраќање! {Mr.Santino}

Day 2,800, 07:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Почитувани мои!

Поминаа 10тина дена од моето поседно обраќање кон вас,10тина дена во кои морам да признаам дека свесно направив неколку грешки,исто така имавме и успех во овие изминати денови.

Бидејќи ова е државен весник,ќе се обидам да ви ја претставам моменталната состојба во која се наоѓа нашава држава накусо...

Во моментов се наоѓаме во тешка битка со Грција,но полесна ни е од било кога!
-Можеме да направиме многу овој месец доколку сите заедно се заангажираме многу повеќе.
-Сфатете дека не пукате за мене,туку дека сите сме тука за Македонија,затоа и ја играме играва според мене.

Економија

Финансиски сме оддржливи на неке време,имаме за нови МППа и да се купат тенкови за поделба,сите гледаме дека ставањето на мало КО во изминатите војни дадоа многу мал ефект а потрошивме прилично голема количина на пари во ситуација кога не смееме да се расфрламе многу со пари.

-На почетокот од мандатот мислам дека во трезорот имаше нешто повеќе од 195к цц,Јас ветувам дека државната каса нема да ја оставам помалку од 200к цц на крајот од мојот мандат.

-На почетокот на мојот мандат немавме слободни територии,имавме само едно активно востание кое едвај победивме,од тогаш до пред 2 дена ние сме слободни и до завчера пола Грција за прв пат во последниве 2ипол години беше окупирана од нас,за тоа имавме поголеми трошоци на финансии но сепак покрај тие трошоци и потпишување на нови МППа ние сме во нагорна економска позитива.

Дипломатија

-На дипломатско поле можам да кажам дека стоиме подобро од било кога во последниве 2 ипол години.
-На почетокот имавме околу 7 МППа,сега имаме 13 и + 3 кои трае законот да истече кои сигурно ќе бидат прифатени се на се имаме сега 16 МППа..тоа е дел кој го ветив во мојата кандидатура.
-Минативе денови покажаа на воено поле дека и најмалите земји сојузници можат многу да ни помогнат,тоа беше и една од причините за овој наш чекор со Грција.
-Останувам сеуште посветен на дипломатијата и барање на нови пријателства со нови земји,секако дека тоа ни е најважно за успех понатаму.

Останато

-Остануваме сеуште активни на воено поле,ви ветив дека овој месец ќе имаме цело време битки за пукање,еве помина пола од мојот мандат вие скоро 95% од времето имавте активни војни..потребна е поголема активност од ваша страна околу тоа,не за мене туку за Македонија.
-Можевме и подобро да поминеме досега но сите знаеме дека неможе се да биде совршено,најмалку во Македонија. 🙂
-Молба до сите вас кои сакате успех на Македонија,почитувајте наредби,пукајте каде е потребно и не потпаѓајте на било чии провокации.

Се што треба засега да знаете се потрудив да ви го објаснам тука,секако дека не е совршено но барем се потрудив покрај неочекуваните проблеми во РЛ кои ми се случива..Не одговарам на прашања немам време за тоа на статииве,простете за тоа.

Сите провокации поврзани со мене лично како играч ги негирам,знаете како е онаа старата..КУЧИЊАТА СИ ЛААТ,А КАРАВАНОТ СИ ВРВИ!

И да не заборавам уште ова---> НИТУ ПУКАТЕ ЗА МЕНЕ НИТУ ИГРАТЕ ЗА МЕНЕ,НЕ ВЕ МОЛАМ ТОА ДА ГО ПРАВИТЕ ЗА МЕНЕ,ОСВЕСТЕТЕ СЕ ДЕКА ТРЕБА ДА ЈА МРДНЕМЕ МАКЕДОНИЈА И ДА МУ ОСТАВИМЕ ПОЛЕСЕН МАНДАТ НА СЛЕДНИОТ КОЈ ЌЕ МЕ НАСЛЕДИ,ЈАС СУМ ПРИВРЕМЕН ТУКА А МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА!

Претседател на Македонија
Mr.Santino


Сподели:

Трето Претседателско Обраќање! {Mr.Santino}
http://www.erepublik.com/en/article/-mr-santino-1-2539695/1/20