Случај “Lazio 16” – Part 2

Day 1,894, 07:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Only one Macedonia

Ова е продолжеток на истоимената статија, која пред се имаше за цел да ги прикаже негативните страни или пропусти во Воените Единици, за кои сеуште тврдам дека имаат потреба од воведување основни правила кои членовите ќе бидат обвзани да ги почитуваат. Но пред да прејдам на таа тема, сакам да нагласам дека во недостаток на таа регулатива, некои членови несвеcно или ненамерно и штетат на државата, со тоа што мислат дека е сосема нормално да се брка ММ, без разлика каде се пука за да се постигне таа цел. Не согледувајќи дека штом се премине од другата страна на борбената линија, од каде ќе се пука свесно за страната на која што се наоѓаат, технички, ќе бидат непријатели. Ете една жртва на ваквите нерегулирани појави , а во прилог на тоа дека навистина не е само тој еве уште еден доказ на лицето прикажано подулу, каде буквално може да се протумачи зборот "лицето".



Значи вакви случаеви има еден куп, статии пишување али сакаш. Но да се вратиме сега на преходниот случај и членот "Lazio 16" што откако беше објавен како еден случај од многуте, осети дека не е во ред па низ низа последователни постапки покажа дека се кае што тоа било така, а најтешко му паднало тоа што е прикажан како непријател на Македонија. Па еден од низата докажyвања беше и битката за Западна Македонија, кога за момент помислив дека е безполезно и очекував некој херој да влезе во игра и да го одбрани она што е останато од етничка Македонија, Западна Македонија, тогаш однекаде се појави тој, херојот...



...кој со својата несебичност и решеност да ја покаже љубовтa кон земјата што ја смета за свој втор дом, Македонија, со неверојатни повеќе од 2К и донесе победа на Македонија.



Затоа мислам дека Лазио 16 за ова заслужи пофалби!!!



Cе надевам дека тој а сите други наидоа на некоја поука од овој "случај" и дека треба да има промени во воените единици. Мое мислење е дека треба да има регулативи во врска со бркањетo МM под "униформа" на воената единица, па и против својата земја, во име на "професионализмот".

Значи правилата би биле на пример:

1.Членовите на воените единици не смеат да пукаат против својата земја без разлика на нивниот приватен МОД, во спротивно ќе бидат отпуштени од единицата неповратно.



2. Членовите на воените единици во своите лични борби и бркање Мерц не смеат да ја носат "униформата" на единицата во која се наоѓаат, тука не спаѓа и нападот кон својата земја што е изземена и правилото 1 важи за било кој случај или ситуација.



Со воведувањето на овие две едноставни правила, ќе се намали бројот на членови во играва кои ќе ја напаѓаат државата за пари или од кејф, или пак барем нема да го прават тоа под задкрилjе на воените единици, чија примарна цел е да и служат на државата, а не на лични интереси. И друго, ќе се воведе некое ДОСТОИНСТВЕНО борење за кое Македонците одсекогаш биле и ќе останат запаметени.

За потсетување или просветување, во прилог следат два цитата на Александар Македонски што ја потврдуваат предходата дискусија.

"Јас нема да yкрадам победа. Стремежот и перфектноста на нашите победи е во тоа да ги избегнуваме неморалностите и слабостите на оние кои ги покоруваме" - Александар Македонски



"Запомни, од постапките на секој поединец, зависи судбината на сите" - Александар Македонски



"I will not steal a victory. The end and perfection of our victories is to avoid the vices and infirmities of those whom we subdue." – Alexander the Great

"Remember upon the conduct of each depends the fate of all."- Alexander the Great

Only one Macedonia