Учебник за еРепублик I дел

Day 1,583, 16:35 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie


И конечно треба да се позанимаваме со еБебињата .

Целта на оваа статија е да ви го олесни играњето на еРепублик , и пред се забавувајте се ова е игра .🙂

И најважно од се :

1. Чувај го златото :Тоа е најценета работа во играва , не го подарувај на други , не го продавај и не го троши безцелно.
2. Чувај ги базуките и чоколадите , што ги добиваш во играва . Тие ќе ти бидат дополнителен извор на ЗЛАТО.
3. Секој ден следиго овој распоред

- Работи во ТВОИТЕ ФИРМИ
- Тренирај за да ја зголемиш сила
- Работи во други ФИРМИ за плата
- Извршувај ја ДНЕВНАТА ЗАПОВЕД зададена од твојта единица

СОВЕТ! Читај ги новините да се информираш за играта и за државата!
Ти си млад играч и основна цел во играва на почеток е ЕКОНОМСКИ да ЗАЈАКНЕШ и да ја запознаеш играва. Кога ќе почнеш да играш ќќе имаш малку приход но со тек на времето ќе се зголемува.Немој да се силиш во БИТКИТЕ ,тие се битни но во овој момент не ти се најважни.

И немој никогаш да заборавиш ова е СОЦИЈАЛНА ИГРА најважно е да се дружиме .

Како да се Дружиш. Мал прирачник за МИБИТ . Само кликни.
Ова ќе го видиш на ПРВАТА СТРАНИЦА



1. Со кликање на куќичката се враќаш секогаш на оваа страница , а можеш да го користиш и наместо REFresh.
2. МОИТЕ МЕСТА: Тамо ти се твоите фирми, објектите за тренинг, магацинот и зградите за сила.
3. ВОЈНИ:тамо се битките на Македонија, нашите сојузници и останатите битки во Светот.
4. ПАЗАР: тука е пазарот на готови производи ( во пошеток само тоа го гледаш ) после се отвараат и пазарот за суровини RAW , пазарот на трудот ( барање работа ), пазарот на ЗЛАТО и пазарот на фирми.
5. ОПШТЕСТВО: овде се твојата партија , изборите , карта на светот ,воената единица и покани пријатели.
6. Златото: како најважен ресурс во играва , тука можеш да го купиш за вистински пари , можеш да видиш кој ти се реферали ( поканети пријатели )и се што можеш да купиш со злато.
7. Времето во еРЕПУБЛИК:тука е сатот и датумот според еРепублик и можеш да побараш некој играш на ерепублик.
8. ОВА СИ ТИ: тука ти е никот леволот во играта и твојата локација.
9. Твоето Здравје: тука покажува колку здравје имаш - Моментало има 10. Ако е плаво копчето можеш да надополниш сила - нормално ако имаш храна .
10. Твојата Сметка: покажува колку злато имаш и колку ДЕНАРИ .
11. МИСИИ:ги покажува незавршените мисии. Има многу мисии некои се лесни некои се потешки.

12. Известувања:овде се пораките шти ги праќаат и другите известувања.
13. Извиците:тука можеш да видиш кој што рекол во играва и во твојата воена единица.
14. Дневни Заповеди:тука се дневните заповеди кои се задаваат од Военита Единица. Кога ќе ги завршиш ќе добиеш чоколада и базука.

15. Воени Кампањи: тука се битките кој се битни за ДРЖАВАТА и ги одредува Претседателот на еМакедонија.
16. Новините: тука се новините што се објавуваат во еМакедонија распоредени по категории.

Со кликање на никот или под 8 погоре објаснето.
Се отвара страната на твојот профил.


1. АВАТАР:тоа е твојот аватар и со него се означуваш . Ќе го мењаваш во текот на твојот еЖивот многу пати, тој е еден вид на УНИФОРМА.
2. Измени:со кликање на тоа го менуваш изгледот на оваа страница , значи менуваш аватар , за тебе и што е најважно тамо можеш да ја смениш лозинката и емаилот со кои се најавуваш.
3. Искуство:ова покажува колку си постигнал во играва .
4. Твојот НИК: твојот ник и тоа зеленото кругче покажува дека си уклучен на играва.
5. Државјанство:тука го покажува твоето државјанство и кај се наоѓаш.
6. еРОДЕНДЕН: покажува кога си се регистрирал во играва.
7. За Себе: во кратки црти напиши нешто за себе. Се внесува со кликање на Edit Profil напишно е погоре под {2}.


Вториот дел од Профилот:

1. Медалите: твоите постигнувања во играва Воени и Граѓански медали ќе ви објасна подоле.
2. Strength: СИЛА се додбива со тренирање и преку мисии , што поголема појак ти е ударот.
3. Rank: ЧИН се зголемува со пукање во битки, има влијание во ударот.
4. Партија: покажува во која партија членуваш.
5. Воена Единица: покажува во која единица членуваш , на сликата е дека е Командант на единицата.
6. еВесник: твојот еВесник .
7. Пријатели: тамо се твоите пријатели. Што повеќе пријатели имаш тоа е подобро, и тие можат да го видат твојот ИЗВИК.
8. Најголема Штета: покажува која е твојата најголема штета што си ја направил во една воена кампања.
Медали:



Медал за Работа го добиваш ако работиш 30 дена непрекинато по ред.
Супер Војник го добиваш за собрано 250 СИЛА.
Медија Могул го добиваш за собрани 1000 претплати на еВесникот.
Воен Херој го добиваш ако направиш најбеќе штета во една мини битка.
Херој во Кампања го добиваш за направена најголема штета во Воена Кампања.
Востаник ако подржиш востание и се ослободи регионот кај што е кренато.
Платеник треба да поразиш 25 противника за 50 различни земји.
Конгресмен се добива со станување на конгресмен.
Претседател Најпосакуван медал од сите .
Најдобар Борец 30 дена треба да бидеш меѓу најдобрите борци во еСветот.
Градител на Општеството се добива со поканување на Реферали во играва и тие треба да дојдат до 10 левел.
Воени Кампањи



1. Војни: со кликање , се овара оваа странца.
2. Битк на Денот: таа е Најважна Битка , ако сакаш да пукаш тамо е најдобро и најпотребно.
3. Битки на Сојузници: тука се битките на нашите сојузници.
4. Останати Битки: овде се останатите битки.
Време е за Работа



Кликаш на заокруженото и ќе те префрли на следната страница :



1. Твоето Стопанство: тука се сите твои фирми и каде работиш за плата.
2. Зградите за Тренирање: тамо се наоѓаат зградите каде што тренираш.
3. Магацин: тука се наоѓаат сите твои залихи од оружје , храна и суровина што ќе ја произведеш.
4. Гратскиот Центар: зградите коити одредуваат колку здравје ќе имаш попознати како ЦРКВА . 🙂
5. Работното Место: тука ја заработиваш твојата плата.
6. Твојот Работодавач народски кажано твојот газда , кај него работиш за плата.
7. Твојата Плата: тука ја покажува твојата БРУТО плата.
8. Данокот на Државата: тука покажуваш колку данок даваш на државата.
9. Кликни за Сработување: сега е сработено , кога не е сработено тоа е зелено копче.
10. Потрошено Здравје: колку здравје си потрошил на работа.
11. Твоите Фирми: тука се твоите фирми .
12. Работиш како Менаџер: тука треба да обележиш за да сработиш како менаџер во твоите фирми - како на сликата фигурата треба да е зелена.
13. Твоите Вработени: тука се твоите вработени ,за почетокот не ти се исплати да имаш вработени покасно ќе научиш како се вработуваат работници.
14. RAW материјали: покажува колку си произведол суровина и колку ќе потрошиш за произвотство на храна и оружје.
15. Готови Производи: колку храна и оружје ќе произведеш.
16. Здравје: колку здравје ќе потрошиш како менаџер.
17. Завршен Чекор: кога ќе завршиш со обележувањето каде ќе работиш и каде ќе ти работат вработените , само кликни на START PRODUCTION.
ВРЕМЕ Е ЗА ТРЕНИНГ


1. Тренинг: со кликање на тренинг се префрлаш на оваа страница.
2. Место за обележување: се гледа сива и зелена фигура, значи одбирас да стана зелена со кликање на неа
3. Вредност: колку ќе те кошта тренирањето . На пошеток е само првото кое е безплатно.
4. Сила: колку сила дава секоја згрда за тренирање . на сликата првите две се надоградени на Q2 . На почеток првата што е бесплатна дава 5 сила и само таа користија.
5. Здравје: колку здравје ќе потрошиш на тренингот, инаку зема по 10 здравје за секој одбрам тренинг.
6. Злато: колку ќе потрошиш зато за тренирањето. Првата е безплатна .
7. Тренирај: после обелешувањето со што сакаш да тренираш кликаш на TRAIN и ќе се појави ова.

- Под (1) е колку сила си добил, (2) колку сила имаш, (3) колку искуство си добил, (4) колку здравје си потрошил, (5) колку злато си потрошил, (6) уште колку сила ти треба за да земеш Супер Војник медал и (7) е ОК да завршиш со тоа. 🙂
8. Зградите: кој згради ги имаш игрдадено.
9. Иградба: кликни на тоа и ќе видиш кој згради можеш да ги иградиш и колку чинат .
10. Надоградба: кликаш на тоа и ти покажува да ги надоградиш зградите. Совет од постар ИГРАЧ е да ја надоградиш за почеток зградата што е за бесплатен тренинг така да ќе фатиш побрзо Супер Војник медалот.

- Прво на (1) и ќе се појави на секоја зграда и после на (2) бираш која ќе ја надоградиш . Секоја надоградба чини 20 злато.
После Тренингот одиш по дневната бонус награда за редовна работа и тренирање



Секој ден земаш по 1 СИЛА и 1 искуство , а секој 5 ден ако редовно работиш земаш + 5 сила и искуство .
Наредно што треба да го завршиш е Дневната Наредба од Воената Единица



Секој Командант или Капетан на Воена Единица си поставува Дневна Наредба како на сликата горе , и таа се состои од 25 KILL на противниците. За успешно завршена ДО семаш награда Базука и Чоколада.



Базуката и Чоколадата неможеш да ги употребиш се додека не го добиеш првиот Супер Војник медал.
И за тие што прашуваат што е о7 .


Продолжеток на Учебникот:
1. Учебник за еРепублик II дел
2. Учебник за еРепублик III дел - Книга за Војување
3. Учебник за еРепублик IV дел - Гласање



Знаењето е сила, Знаењето е Моќ.

В.Д. Министер за Образование

Дедо Мраз