Последно Претседателско обраќање [BucephalusIII]

Day 1,932, 14:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добро утро,ден и ноќ најубави мои!

Месецов за мене беше пеколен, но за вас не знам и вие ќе се искажете.

Резултатите од она што го ветив за време на мојата кандидатура се следни:




Искрено со доста емоции ќе ја напуштам Претседателскава позиција поради многу причини...но секако не е НБМ една од нив 🙂 Ќе издвојам само неколку.

Една од тие е што на најпријатен начин ме изненадивте со тоа што ми го доверивте лидерството низ целиот мој поход на Исток, односно ме следевте во секој мој чекор или одлука како на воен така и на политички план.

Друга причина е Македонскиот Конгрес или Парламент - тие исти момци и девојки кои беа дел од претходниот нивни половичен мандат преставуваа конгрес кој секој Претседател може да посака. Немаше ниту еден момент на неразјаснети потези во законите како и нивно гласање преку многу добра координација. Moменталните конгресмени се на добар пат да го повторат доброто темпо на работа како и претходните. Поздрав до сите нив и мој совет е да не гледаат на било кој нареден Претседател како личност, пред се будно да ја следат ситуацијата како и активно да бараат информација од Претседателот/ката и потоа да одлучуваат со своите постапки за доброто на нашата еДржава.

Трета причина а воедно можеби и најголемата е мојот тим. Премалку ќе бидат сите зборови кои би ги напишал овде за нив. На секое поле доминиравме во однос на преставување на Македонија во најдобро можно светло и преку таа причина во моментов сме една од најдобро организираните еЗемји во сојузот а можеби и пошироко како на дипломатски план така и на воено-тактички план.
МОЈОТ ТИМ во еСветот го гледаат како група на добро одбрани патриотишта, за кои јужњациве а и останатите веќе ги знаат, зборуваат за нив и затоа се плашат!

И мора да знаете дека доколку соработуваме сите воени единици како различни делови кои ја сочинуваат Македонската Фаланга, со заедничка координација како до сега, ќе имаме сила да дури и ако сакаме да тргнеме и на запад, пак ќе стигнеме до Дубаи!...е од тоа сакани мои највеќе се плашат душманите наши!!!



Она што не очекува во следниот период е тоа да се полни државната каса уште барем еден месец, а и воедно максимално да се помага на сојузниците.
Алис како кандидат кој има најголеми шанси за победа ќе мора да ја заврши дипломатската мисија за да се придобијат регионите во Саудиска Арабија од страна на Србија кои не и се потребни, а за тоа јас лично ќе и помагам во зависност од моите РЛ обврски кои ме спречија за да одам на втор мандат.

Тоа е се од мене овој месец!

Секое добро Македонци и Македонки и Ви благодарам што ме следевте до крај!

о>



Претседател на еМакедонија
BucephalusIII