Прво Претседателско Обраќање [ТashaMKD]

Day 1,845, 10:56 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Прво Претседателско Обраќање [ТashaMKD]







Добар ден Македонки и Македонци! Честит празник и за многу години!

На овој празничен ден, го пишувам своето прво обраќање. Владиниот тим ги превзеде успешно своите задачи и во целосност ги извршува. Во самиот тим атмосферата е позитивна и сите се ентузијасти, најдоа заеднички јазик и започнаа тимски да работат.

Првиот состанок помина во најдобар ред. Беше масовно присуството.



Како што покажаа самите избори и успехот од скоро 70% го потврди мојот став дека еМКД е жедна за нови политички лица, девојки во власта и бебиња приправници во власта кои ќе ги учат работите уште од мали нозе од постарите и поискусни колеги.

Во тек е подготовката и за првата собиранка која највероватно ќе биде следниот викенд, каде сите ќе бидат поканети и лични, тет а тет ќе може да ги искажат своите идеи и забелешки.





Уште еднаш ќе напоменам дека се залагам за обединување на сите Македонци. Не сакам поделби по партии и единици или како што излегоа комитите со паролата

ВЕРА И НАЦИЈА
ПРЕД IНТЕРЕС И ПАРТИЈА




Ве замолувам уште еднаш, најдете заеднички јазик и целиот бес насочете го кон нашите виртуелни непријатели. Во секој момент може да ме контактирате за каков и да е проблем, немора да не знае цел свет, ќе го решиме меѓу нас.

ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ !!!

Оваа влада е отворена за соработка и секој што сака може да учествува со свои проекти во неа. Слободно контактирајте ме во било кое време. Ги повикувам исто сите претставници на сите партии и единици слободно да ме контактираат за било кој проблем.

отворен е канал на Ризон.. #public.gov.mk посетете не !!!



Министерство за информирање и образование



Се работи на формирање на групата Ментори. Веќе ја издадоа нивната прва статија, а веќе е најавена и втората.



Министерство за Одбрана:





Бришка на Грците во Европа !!!
Сега грците се африкански народ, ќе се залагам на директни битки со нив доколку е можно да стигнеме до нив, ако не, ќе помогнеме максимално на другите да ги збришат. Македонецот памти!

До тогаш, учествуваме во одбрана на наше теритоии и помагаме на нашите пријатели.

Нашиот МОД тим веќе ја постигна првата победа во која и не се сомевав. Работите во ова министерство се одвиваат по планираното. Деновиве се премногу зафатено, но наскоро ја очекуваме нивната прва статија.



Министерство за надворешни работи





МОФА работи со силна пареа. Веќе се гледаат и првите резултати.

Што повеќе пријатели, побогат си

Тргнувајќи од тоа, се залагаме за воспоставување на што повеќе пријателски односи со нашите пријателски земји, а исто и нови пријатели. Секогаш кога може ќе помагаме.

Плановите на МОФА се одвиваат и ќе се изнесат во вистинскиот момент. Веќе дел од плановите е изнесен во првата нивна статија.



Министерство за здравство:




Веќе е започнато делење ресурси на наште бебиња. Тие се нашето најголемо ботатство.

http://prntscr.com/llz99
http://prntscr.com/llzb3
http://prntscr.com/llzdr

Отчет за потрошените ресурси ќе има на 7 дена во нивните статии.



Министерство за правда





Ова министерство започна со работа, но на почеток се соочија со проблеми. Имено беше креиран акаунт на кој се договараа и известуваа, но веќе истиот момент беа изрепортирани.. погодете.. ОД МАКЕДОНЦИ. Сега министерството се договара по приватни пораки, додека не се најде решение за креирање на министерството, можеби и некоја организација.

Успехот се виде уште првиот ден. Министерството пријави статија која веднаш потоа беше избришана.

Ова министерство МОРА да профункционира и деновиве ќе најдеме решение за тоа.




На крај да изразам благодарност за укажаната доверба и гласањето, не само за мене како претседател, туку како владин тим. Исто се заблагодарувам на сите тие кои ми помогнаа во првите денови да ги спознаам работите и успешно да ја превземам функцијата.

TashaMKD
Претседател на Македонија





Прво Претседателско Обраќање [ТashaMKD]
http://www.erepublik.com/en/article/-ashamkd--2171745/1/20
-shout-