[Aminta] за Куќите и новата индустрија за камен

Day 2,436, 11:35 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

Здраво живо Македонци,

Гледам сите прашувате а никој не ви одговара па решив јас да напишам една статија за новава индустрија и новите куќи.

После повеќе од 2 годни пекање на сите играчи од еРепублик Плато реши да проба да ја мрдне од мртва точка економијата на играва. Требаше играва да го допре дното за да му текне на мисирот дека треба да направи суштествена промена а не само шминки.
Поради се почестите барања да се врати старата економија од пред 3-4 години (кога и јас почнав да играм) и на тој начин да се направи играва поинтересна за играње, админите ја воведоа старо/новата куќа и камена индустрија.
Пред 3-4 години имаше поразнолика и поразвиена економија со индустрии за куќи, болници, одбрамбени системи, карти за селење + 4 типа на различно оружје. Моја прва фирма на играва беше токму за производство на камаен и куќи... меѓу првите извадив тогашни Q3 па подоцна и Q5 куќи во Македонија ама тоа беа други времиња и тоа беа сосема други куќи кои полнеа дневно по 10-30 здравје во време во кое сите пукавме по 100 здравје дневно и тоа беше целото пукање за денот а не како сега да се полниш на секои 6 минути 🙂.

Овие нови куќи кои Плато ги воведе од денес се многу поразлични од тие пред 3-4 годнини. Еве повеќе информации за нив:



За да не се повторувам во основните работи за новиве куќи еве ви статија за тоа како се прават, колку чинат и какви видови има.

Еве го и официјалното известување и најава од Плато за истите на Англиски

Ќе додадам само дека имањето на максималната Q3 куќа (која ја има во моментов) треба да ви овозможи 7 дена да имате +100 здравје на постојаното.



Она што сакам јас да споделам е искуството и почетниот впечаток од оваа нова измена.

Важно: со секоја нова купена фирма за куќи Плато дава гратис доволно камен за да направите една куќа.

јас за почеток направив:
2 фирми за Q3 куќи (2 x 80 злато)



+ 3 фирми за камен (3 x 35 злато)


Ова задоволство ме чинеше 265 злато а еве што добив:
Како што гледате сам не можам да работам ниту во фирмите за куќи, ниту во фирмите за камен туку за да произведам куќа потребно е да ангажирам работници за плата.
Производството на камен и на куќи зависи од бонусите (ресурсите) кои ги има државата од кој имате државјанство во моментот кога ги произведувате, од бројот на фирмите за камаен кои ги поседувате и од бројот на ангажирани работници во секоја од фирмите (максимум 3 работника по фирма).
Јас во тоа време бев во Чиле каде чиле од 5 можни ресурси имаше 4 или вкупно 60% бонус, со две фабрики за куќи и со по 3 работника во секоја од нив па со тој бонус јас успеав да произведам само 48% од една куќа (и тоа 24% е бо нусот во Чиле x 2 Q3 фирми за куќи кои ги имам = 48😵!




значи немам ниту една куќа сеуште произведено. процентот на направена куќа се зголемува со секоја нова фирми за куќи која ја имате. Јас имам две па затоа кај мене е 48% (2x24😵, со 3 фирми за куќа процентот ќе беше повисок, со 4 уште повисок и тн.
Само битно е фирмите за куќи да бидат од ист квалитет за да може да се дуплира процентот кога ќе изработите со работници во нив.

Во Македонија каде немаме ниту еден ресурс (бонус) за куќи/камен производството е по 15% по фирма Q3 за куќи или 30% за две фирми за куќи со по максимум 3 вработени во нив.



Само за потсетување...сега сум во Македонија со државјанство а тука немаме ниту еден ресурс (бонус) за производство на камен и куќи па затоа и правењето на куќа ќе биде по колаво.
...за споредба Плато ги почасти Грците со 4 ресурси (бонуси) уште од сам старт.

е сега сума сумарум:
Овој тип на куќи може да им користи само на оние што имаат добра сила за својата дивизија па со поголема полна енергија да можат само со ФФ да пукаат повеќе штета за БХ медал без да трошат чоколада, или за оние што купуваат Power Pack и имаат по 40+ полнење енергија на секои 6 минути па да имаат повеќе време барем навечер за спиење додека да им се наполни полна енергијата

За исплатливоста....За да произведете 1 куќа која дава максимум + 100 здравје за 7 дена (односно Q3 куќа) ќе треба да искеширате еден ал пари за плати на работници имајќи ги во предвид платите кои во цел свет почнаа да скокаат вртоглаво па во некои земји достигнаа и над 100 cc плата.
Тешко е да се утврди точно колку ќе чини производството на една единствена Q3 куќа со оглед на тоа дека платите и натаму растат а со тоа и трошоците за производство се зголемуваат.
Она што можамд а го пресметам во моментов е колку мене ме чинеа овие 48% произведена Q3 куќа до сега.
искорситив 6 рабоници со плата од по 40 cc (во тоа време толку беше плата) = 240 cc и тоа со гратис камен од Плато што го дава на почеток! Значи ако го додадам и каменот ќе ме чини уште повеќе.
За да ја довршам првата куќа која ја почнав со овие две Q3 фирми за куќи и со Македонските 0 ресурси (бонуси) ќе ми требаат уште 2 дена да работам со по 6 работници или тоа се вкупно 12 работници x 55 мкд (моментална плата во Македонија) = 660 мкд најмалце за да ја довршам првата куќа!
Значи за ПРВАВА куќа ќе ми требаат 3 дена и вкупно 900 мкд за плати (ако не и повеќе) + ГРАТИС камен од Плато што ќе рече една шашава Q3 куќа од + 100 здравје за 7 дена нема шанси да биде под 1000 cc! Реална цена според мене нема да и биде испод 1500 cc.
Значи за да правам по 1 куќа на секои 4 дена треба да вложам 265 злато + 900 мкд (минимум) за плати + пари за камен ако треба да го купите!
дали вреди за тиа пари оценете сами...

Има три главни проблеми што ги лоцирам околу куќиве во моментов:
Прв проблем е што се создаде непотребна еуфорија меѓу играчите со плативе и се поремети цел пазар на труд а поголемите плати за x2, x3 тоа ќе повлечат и зголемување на цените на сите други производи (храна и тенкови) во наредниот период. Ама тоа ќе биде од краток здив според мене.

Вотор проблем е што плато истите куќи сеуште ги дава како награда за со неделните награди па никому не му требаат да ги купува.

И трет проблем е што да сакате да ги растурите подоцна фирмите кои сте ги направиле за куќи Плато ќе ви врати само 30% од вложеното злато!


На крај куќиве барем во моментов не вредат за ништо и единствено нешто што донесоа е платите вештачки да отидат до плафон... но ќе видиме до кога...

Мој заклучок е дека не вреди да се вложува во оваа индустрија...барем не во моментов!


EDIT:

Официјална најава од Плато дека Q6 и Q7 куќите во иднина (кога ќе бидат пуштени) освен основната нергија е го зголемуваат и полнењето на енергијата на секои 6 минути. За колку ќе биде тоа ќе видиме кога ќе бидат воведени овие куќи. Засега имаме само Q3 куќи, но Q6 и Q7 може да бидат многу корисни по ова што се очекува.



Повеќе подоцна,
Аминта