ТРЕТО ПРЕТСЕДАТЕЛСКО ОБРАЌАЊЕ [Aliss Wonder]

Day 1,945, 03:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Здраво живо Македонки и Македонци

Во ова мое обраќање сакам да ја објаснам моменталната ситуација која што владее во еМакедонија.
Почнуваме од завчера: Договорот со бугарскиот претседател беше тие да го нападнат Бургас, а ние да им помогнеме со дигање на востанието во Повардарие. Значи приоритет беше Бургас и вие бевте известени за тоа преку координационите групни пораки со командантите на единиците. Бидејќи знаевме дека ќе имаат востание плус од страна на Бугарија, решивме да пробаме да го ослободиме Повардарие и доколку успееме да им пуштиме закон за ПН на "јужниве" со што би помогнале на Балканскиот фронт.
Бев повикана на краток состанок и известена од страна на членовите на ТМОРО дека тие сакаат да делат првите 2 рунди а потоа доколку се се одвива во најдобар ред и владата да продолжи со делењето. Се согласив. Статијата што излезе е нивна иницијатива и морам да кажам дека ги подржував и им се заблагодарив за помошта.

Вчера: Почна Бургас, се пукаа милиони, почна и нашето востание, почна и востанието во Варна. ТМОРО делеше опрема на нивниот канал првите 2 рунди, потоа продолживме на делиме на државниот канал се со цел да го ослободиме Повардарие.
Тогаш отприлика околу полноќ ми дојдоа со понуда да се активира договор што одредено време само се спомнува и стои во место но никако да се активира. Значи сега се обидувам да постигнам нешто со договарање за да не мораме да ја буткаме на сила работата и можам да кажам дека се ќе биде готово наскоро.
Ниту јас не очекував ваков развој на настаните !

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА



Претседател на еМакедонија
Aliss Wonder