Претседателско обраќање бр.7 [BucephalusIII]

Day 1,922, 07:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добро утро,ден и ноќ најубави мои!

Најнапред да ви честитам и од срце да ви се заблагодарам за огромниот успех што го направивме сите заедно и да го повториме походот на нашиот предок Александар Македонски.
Она што успеавме да го направиме со префрлањето на главниот град не се базира само на ресурси кои ги придобивме со овој поход на југо-исток. Највжно од се е тоа што од ваквата местоположба ќе имаме сигурни ресурси кои нема да влијаат како досега од исходот на пинг-понг војната со Јужниот тросед.
Тоа значи дека секогаш ќе имаме шанса за зголемување на ресурсите кои во моментов ги имаме 5/10 - што не значи дека тука ќе застанеме, работам во полна пареа за да се зголемат, НО, не треба да се брзаме.



Она што не очекува.

Според ситуацијата на мапата како и на Бугарскиот фронт со двaта наши најголеми непријатели укажува на тоа дека мора да тргнеме во КОНТРА НАПАД - со што би им помогнале на сојузниците кои безрезервно ни помагаа во нашиот пробив низ Турските региони.

Во моментов Турција има пуштено закон за Природен Непријател на што ние одговоривме со ист закон.

Нашите чекори се следни:

Oна што го должиме на ОАЕ мораме да го оствариме, а тоа е да го препуштиме регионот Ras Al Khaimah преку востание.

Турција - Очекуваме директен напад од нивна страна - КОЕ МОРА ДА ГО ОДБИЕМЕ и веднаш доколку има шанса да ги удриме во Eastern Anatolia.

Доколку ни кренат востание во Northwestern Iran ќе сакаат да се одложи нападот - што не смее да се случи, затоа МОРАМЕ да кренеме востание во Southwestern Iran.

Во случај да се одбраниме или успееме да ги оставиме Турција без конгрес - нашиот закон за Природен Непријател завршува.

По ова се отвара можност на мое лично и општо задоволство да им се пуштиме во напад на нашиот Јужен тросед...ОНАКА ЛАВОВСКИ...КАКО НИЕ ШТО ЗНАЕМЕ НАЈДОБРО!!!



Време е после неколку дена одмор на плажите во Дубаи да ги кренеме повторно копјата на нашата Македонска Фаланга!

Одиме понатаму...СЛЕДЕТЕ МЕ!

о>



Претседател на еМакедонија
BucephalusIII